Шолц го предупреди Израел да не дејствува во Рафа

Германскиот канцелар Олаф Шолц го предупреди Израел да не ја шири својата воена операција во Појасот Газа со офанзива против градот Рафа на југот на земјата, јави ДПА. -Веруваме дека офанзивата против Рафа би била неодговорна, рече Шолц вчера, говорејќи на настан на веб-пренос на групата весници RND во Потсдам. -Предупредуваме на ова и не веруваме дека постои некаков план …

Continue Reading

Евровизискиот трофеј го освои Швајцарија, Хрватска втора

Швајцарскиот претставник Немо со песната „The Code“ освои 591 поен, најмногу поради гласовите на жирито. На второто место е Хрватска со 547 бодови. Третото место го зазеде Украина со 453 поени. Најлоша беше Норвешка, која беше на самиот крај со 16 поени, пред Австрија и Словенија со 24, односно 27 поени. Речиси сите жирија на швајцарскиот претставник му дадоа 12 …

Continue Reading

Денес свечено примопредавање на претседателската функција

Во Кабинетот на претседателот денес ќе се одржи официјална церемонија на примопредавање на функцијата Претседател со највисоки државни и воени почести. По свечената церемонија новоизбраната претседателка Гордана Силјановска Давкова и досегашниот претседател Стево Пендаровски чијшто мандат истекува денес, предвидено е да остварат тет-а-тет средба. Државната изборна комисија вчера и’ го издаде уверението за избран претседател на Гордана Силјановска-Давкова. Во текот …

Continue Reading

Посебен режим на сообраќај во Скопје

СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека од 08.30 часот до 10.30 часот, поради одржување на улична трка, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај и тоа по сообраќајниците по кои ќе се движат натпреварувачите, кои имаат стартна позиција на бул.„Илинден“–локација Фонтана, ќе се движат …

Continue Reading

Сончево време, попладне со зголемена облачност и температура до 26 степени

Времето претпладне ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне наместа ќе има зголемена облачност со краткотраен пороен дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени. Во Скопје сончево со умерена, а попладне зголемена облачност. …

Continue Reading