САД и Британија воведоа санкции кон Иран, насочени кон производителите на дронови

Соединетите држави и Велика Британија денеска воведоа санкции против Иран, насочени кон „иранската програма за беспилотни летала, челичната индустрија и производителите на автомобили“, потег по нападите врз Израел минатиот викенд, соопшти американското Министерство за финансии. „Санкциите на Вашингтон се насочени кон 16 поединци и два ентитети кои овозможуваат производство на ирански беспилотни летала, вклучувајќи ги и дроновите Шахед користени за …

Continue Reading

Алкалоид апсолутен победник, Пивара, Телеком и ТАВ меѓу најатрактивните компании за вработување – Настан Работодавач на Годината

Синоќа 17 Април 2024 во Хотелoт Лимак, Скопје се случи втората по ред Манифестација за избор на наjпосакуван работодавач „Работодавач на годината“, а во организација на првиот сајт за огласи за работни места во земјава Вработување.ком Концепирана како Оскари за работодавачите, оваа манифестација прв пат се случи минатата година оддавајќи им признание на најпосакуваните, но и предизвикувајќи ги помалку атрактивните. Оваа година пред …

Continue Reading

(Видео) Битиќи: Над 180 милиони евра поддршка за домашните компании во наредните четири години

„Во последните шест години имаме исплатено над 100 милиони евра финансиска поддршка кон домашните компании, кои направија инвестиции од над 500 милиони евра. Но ова не е доволно, не се откажуваме и во следните четири години оваа поддршка скоро ќе ја дуплираме и ќе jа зголемиме на 180 милиони евра, што пак ќе значи инвестиции од над 1 милијарда евра …

Continue Reading

(Видео) Спасовски: Во следниве четири години минимална плата од 600 евра, просечна од рекордни 1.100 евра

Денеска, на официјалниот старт на кампањата за годинешните парламентарни избори, носителот на листата со кандидати на Коалицијата За европска иднина за втората Изборна единица, Оливер Спасовски, на прес конференција ги сподели главните економски мерки кои се дел од изборната програма на оваа коалиција, а се осврна и на важноста на овој изборен циклус. „Со целиот мој политички бекграунд одговорно тврдам …

Continue Reading

Националниот џез оркестар со програмата Џез лектира гостува во Велес

По концертот во Скопје, Националниот џез оркестар со програмата под наслов „Џез лектира“ гостува во Велес. Концертот ќе се одржи на 23 април, 2024 година, со почеток од 20 часот во театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“. „На концертот „Џез Лектира“ се осврнуваме на дел од творештвото на Каунт Бејси биг бендот. Вилијам Џејмс, познат како Каунт Бејси е американски …

Continue Reading

Две девојчиња повредени со нож во близина на училиште во Франција, напаѓачот е приведен

Две девојчиња на возраст од 6 и 11 години се полесно повредени со нож  во близина на нивното училиште во Софелвејерсхајм, источна Франција, соопштија властите. Според жандармеријата, 11-годишно девојче било повредено со нож пред училиштето, а друго е избодено на блискиот плоштад. Имаат површни рани и се хоспитализирани. Напаѓачот бил приведен нешто по 14 часот и 15 минути на плоштадот. …

Continue Reading

Министерот Тошковски во посета на ОВР Кичево и полициските одделенија Зајас и Осломеј

Мнистерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска беше во работна посета на Одделението за внатрешни работи Кичево и Полициските одделенија Зајас и Осломеј кои се во негов состав. Во рамки на посетите министерот Тошковски одржа состаноци со раководствата на организациските единици и беше запознаен со структурата, тековните активности, движењето на криминалитетот и состојбата со човечки ресурси и техничка опременост. „Генерално …

Continue Reading

Патник загина на летот на Рајанер над Италија, со него била и неговата бремена сопруга

Вчера, 33-годишен маж загина на летот на Рајанер над Италија додека неговата бремена сопруга седела во вториот, заден дел од авионот. Според италијанските медиуми, мажот починал од срцев удар. Откако вчера наутро му се слошило на летот од Торино до Ламеција Терме, двајца патници обучени за давање медицинска помош се обиделе да го спасат, а персоналот на авионот бил принуден …

Continue Reading

Министерството за здравство за приватните специјализанти: Решение ќе има после изборите

„Министерството за здравство секогаш се залага за подобрување на условите за работа на здравствените работници и соработници, кои меѓу нив спаѓаат и приватните специјализанти. Во изминатиот период, приватните специјализанти остварија неколку средби со министерот за здравство и со претставници од Министерството, кадешто се слушнаа нивните барања и се изготви извештај, со цел изнаоѓање решение за нивниот работен статус“, велат од …

Continue Reading