(Видео) ПСЖ на колена ја фрли Барселона, Борусија со два блиц-крига го уништи Атлетико

ПСЖ и Борусија Дортмунд ја формираа првата полуфинална двојка во Лигата на шампионите. Во реваншите ПСЖ победи во Барселона со 4:1 и со вкупни 6:4 го мина четвртфиналето, додека Борусија го победи Атлетико Мадрид и со вкупни 5:4 влезе меѓу најдобрите четири екипи во ЛШ. На „Монжуик“ во Барселона, реваншот идеално започна за домаќините. Рафиња во 12.минута и донесе предност …

Continue Reading

(Видео) Хаос во Дубаи поради невремето: најмалку 18 жртви во Оман, меѓу нив и деца

Обилните дождови ги зафатија Обединетите Арапски Емирати во вторникот, поплавувајќи делови од главните автопати, оставајќи напуштени возила на патиштата низ Дубаи и привремено го ставија сообраќајот во целосен застој на огромниот меѓународен аеродром во градот. Во меѓувреме, бројот на загинати во одвоените тешки поплави во соседен Оман се искачи на 18, додека непознат број луѓе се водат како исчезнати, пренесува …

Continue Reading

ДУИ е загрижена од апстиненцијата на ВМРО за членство на Косово во Советот на Европа

ВМРО-ДПМНЕ, освен што планира изолација од Европската Унија, истото го сака и со соседните земји на Северна Македонија. По замрзнатите односи со соседна Бугарија, ВМРО и Мицкоски сакаат да ја вратат државата во состојбата од пред 2008 година, велат од ДУИ. „Конкретно, денеска пратеникот, воедно потпретседател на ВМРО, Александар Николовски, ниту неговиот заменик Владо Мисајловски, не отпатуваа во Стразбург на …

Continue Reading

Силјановска-Давкова: Ако бев претседателка, сега ќе протестирав и марширав со специјализантите

Сите ние, седумтемина претседателските кандидати, напишавме убави текстови за поддршка на специјализантите. Што се случи? Нели е сега министер за здравство некој од актуелната власт? Нели има кандидати за пратеници што се лекари? Зарем уште еднаш ќе дозволиме оние кои едвај ги чекаат надвор како непроценлив македонски подарок, лекари, млади специјализанти, да си заминат?“, праша претседателската кандидатка Гордана Силјановска-Давкова во …

Continue Reading

Макаби ја декласира Басконија, Виртус го изненади Ефес

Макаби избори пласман во плеј-офот, а Виртус ја мина првата плеј-ин рунда во кошаркарската Евролига. Макаби, во борбата за седмото место, во Белград ја декласира Басконија со 113:85. Најефикасен во победата на „Гордоста на Израел“ беше Лоренцо Браун со 26 поени, Вејд Болдвин постигна 17 поени, додека Бонзи Колсон го заврши натпреварот со 14 поени. Кај поразениот тим Басконија се …

Continue Reading

Мицкоски од Гевгелија: На Македонија и треба претседател а не измеќар на ДУИ, на нивната стратегија како до сега, народот на овие избори ќе им каже, готово е

„Македонија е пред историска одлука. Ова се повеќе од обични избори каде се носи судбоносна одлука за иднината на државата, за вас и вашите семејства. Ова се избори каде директно вие одлучувате за вашите судбини и со вашиот глас ја враќате контролата над државата која ви е одземена“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од митингот во Гевгелија. Мицкоски додаде …

Continue Reading

Николоски: Пендаровски е свесен дека го чека огромен пораз и затоа навредува, не одговори каков е тој чесен претседател чија кампања е финансирана со народни крадени пари

Пендаровски навредува на најнизок можен начин и тоа покажува во какво бунило е и е свесен дека поразот ќе биде огромен. Пендаровски не одговори на ниедно од прашањата кои му ги поставуваме. Сака да се претставува како чесна личност, а е најдволичниот човек кој се занимава со политика, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител во ИЕ4, Александар Николоски на митингот …

Continue Reading

За универзален снабдувач на електрична енергија Владата ја прифати понудата на ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје

Владата, согласно Законот за енергетика, ја донесе и Одлуката за избор на универзален снабдувач. За најповолна понуда за избор на универзален снабдувач, во соодветната постапка е избрана понудата доставена од групата понудувачи ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје – носител и ЕВН Македонија АД Скопје – член на групата. За носител на набавката е избран економскиот оператор којшто има понудено најнизок …

Continue Reading

24 април и 8 мај се определени за неработни денови за сите граѓани, одлучи Владата

На 16. седница, Владата заклучи 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) да бидат неработни денови за сите граѓани на Република Северна Македонија. Ова како што појаснуваат во владиното соопштение е заради непречено спроведување на изборите за Претседател на Република Северна Македонија и изборите за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија. Овие два неработни дена …

Continue Reading