Трипуновски: Со СДС на власт имаме 16.5 милиони килограми помалку извезено јаболко и 7.6 милиони евра помал годишен девизен прилив
Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски преку објава на Фејсбук извести за, како што ги нарекува, катастрофалните политики на СДСМ во делот на овоштарството. Трипуновски направи споредба помеѓу 2016 и 2023 година за количините на извезено јаболко и годишните девизни приливи по тој основ. Бројките, како што оценува, се катастрофални и се само дополнителен доказ за …
Continue Reading
Реал заинтересиран за Вирц
Флоријан Вирц, 20-годишниот играч на Баер Леверкузен, е главната ѕвезда на тимот предводен од Чаби Алонсо. Се уште се непоразени во сите натпреварувања, а веќе е јасно дека ќе стават крај на доминацијата на Баерн во Бундеслигата и дека ќе ја освојат титулата. Младиот играч за врска на Баер Леверкузен го привлече вниманието на европските гиганти, па беше објавено дека …
Continue Reading
Виенската полиција за исчезнувањето на малата Данка: „Разговаравме со сведокот и го прегледавме видеото“
Австриската полиција разговарала со авторот на видеото од Виена на кое се гледа девојче кое личи на малата Данка Илиќ, двегодишното девојче кое исчезна на 26 март во Бањско Поље кај Бор. „Го интервјуиравме сведокот и го прегледавме видеото што тој го сними. Точните околности, особено дали се работи за исчезнато девојче, е предмет на истрага што е во тек …
Continue Reading
Пронајден експлозив во икони во Русија
Официјални лица на Федералната служба за безбедност на Русија (ФСБ) заедно со цариниците спречија шверц на 27 импровизирани експлозивни направи скриени во православните икони од Украина во Русија, соопшти ФСБ. Товарот се движел на релација Украина – Романија – Унгарија – Словачка – Полска – Литванија – Латвија – Русија, а во него имало 27 импровизирани експлозивни направи скриени во …
Continue Reading
„Кукавичкиот потег нема да остане без одговор!“: Иран најави одмазда за убиството на генерал на Револуционерната гарда
Врховниот совет за национална безбедност на Иран одлучи дека ќе одговори на нападот на Израел врз иранскиот конзулат во сирискиот главен град Дамаск, во кој загинаа еден генерал и уште шест воени лица. Со советот претседаваше иранскиот претседател Ебрахим Раиси, објави државната телевизија. „Израел мора да знае дека никогаш нема да ги постигне своите цели и дека ова кукавичко злосторство …
Continue Reading
Српски државјанин дивеел на бензинска во Гевгелиско: го избодел сопственик на локалот и се обидел да побегне
Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против државјанин на Република Србија осомничен за кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 31 март во раните утрински часови, извршил грубо насилство врз едно лице во угостителски објект на бензинска пумпа во Јосифово. Додека оштетениот со друштво од 15-20 лица, негови …
Continue Reading
“МАКСТИЛ Е РАБОТНА СРЕДИНА ЗА МЛАДИ И АМБИЦИОЗНИ ЛУЃЕ КОИ САКААТ ДА НАПРЕДУВААТ ВО КАРИЕРАТА ” – Интервју со Марко Најденовски, Директор за усогласеност со прописи во Макстил АД
Спојувањето на професионалниот ангажман со личните интереси е скоро па и најголемиот предизвик на секој млад човек во денешното време. Занимавањето со спортска дисциплина триатлон во Македонија може да биде и ослободување но и предизвик исто колку и занимавањето со корпоративно право. Марко Најденовски е Директор за усогласеност со прописи во Макстил АД Скопје и со него зборуваме на темата …
Continue Reading
„Сите се осомничени“: Мајорката на српската полиција за снимката од Виена на која наводно се гледа Данка Илиќ
Во овој момент не би можел да зборувам за конкретни податоци, истрагата е многу динамична и обемна од првиот ден, а се проверуваат сите можни факти и околности. Се проверуваат сите лица кои би можеле да се поврзат со настанот. Ова утрово го изјави мајорката на српската полиција Бојана Отовиќ Пјановиќ, која во неделата вечерта појасни многу работи во врска …
Continue Reading
Возило падна во река во Албанија: осум лица загинаа
Осум лица, од кои седум илегални мигранти, загинаа денеска во сообраќајна несреќа во Албанија кога возилото паднало во реката Вјоса од височина од 100 метри, соопшти полицијата. Се претпоставува дека возилото се движело со брзина поголема од дозволената, а возачот не го познавал добро патот Келчире-Пермет каде се случила несреќата, пренесува „Albanian Post“. Порталот наведува дека има индиции дека возилото …
Continue Reading