Товарно возило удри во пешак во Скопје
Вчера на улицата 1632 товарно возило „даф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.И.(44) од Скопје, удрило во пешакот В.З.(61). Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Continue Reading
„Бизнисот на Задоволството“ на Гоце Цветановски со награда за најдобар филм во Тоскана
Италијанската полиција на свечена церемонија во Тоскана му ја врачи наградата за најдобар филм на „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски, во рамките на фестивалот „Интернешнал Полис Артс Авардс Фестивал“. (International Police Arts Awards Festival – IPAAF). Се работи за престижна културна манифестација во Италија, каде што полицијата веќе 27 години наградува уметници во областа на филмот, музиката, сликарството, литературата, …
Continue Reading
Исчезна 21-годишна девојка во Илинден: „Во петокот вечерта пиевме кафе, а ноќта не се вратила дома“
Дваесет и едногодишна девојка исчезна во скопската населба Илинден. Станува збор за Енкеледа Чела – државјанка на Албанија, која студирала на Економскиот факултет во Скопје со дозвола за престој. Според описот на објавата на социјалните мрежи, висока е 160 сантиметри има црвено кафеава коса, кафени очи и носи протези на горните заби. Во моментот на исчезнувањето била облечена во фармерки …
Continue Reading
Тошковски од пунктот „Пролет“: Викендов ќе бидат одобрени 20.000 лични документи
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес беше во посета на пунктот за сликање на лични документи во полициската станица Пролет во Скопје. Тошковски изрази благодарност до 40 вработени од отсеците за управни работи Куманово, Велес, Штип и Тетово кои вчера и денес, како и во наредните викенди ќе дадат поддршка во процесот на одобрување на барања за издавање лични …
Continue Reading
Почната е целосна реконструкција на кампот Ливадишта во Струга
ЕСМ Молика започна со целосна реконструкција на Автокампот Ливадишта во Радожда, Струга. Активностите се во насока на подигнување на квалитетот на услугите и збогатување на содржините што ги нуди ова популарно одморалиште на брегот на Охридското езеро. Целта, како што велат од ЕСМ, е во пресрет на летната туристичка сезона, Ливадишта конечно да прерасне во современ автокамп, со европски стандарди. …
Continue Reading
СДСМ: Листата на ДПМНЕ е листа за блокада на европскиот пат на земјата
Листата на пратеници на ДПМНЕ е листа за блокада на европскиот пат на земјата, за откажување и враќање назад во изолација, смета СДСМ. Од партијата преку соопштение велат дека над 80 отсто од имињата се истите што го блокираа европскиот пат на земјата, тие што спроведуваа активна блокада на Собранието. „Лупаа и тропаа да го попречат европскиот пат на државата …
Continue Reading
Полиција ги проверува и социјалните мрежи на мајката на исчезнатото девојче, пишуваат српските медиуми
Полицијата покрај телефонот, врши увид и во социјалните мрежи и контактите на Ивана Илиќ – мајката на исчезнатото двегодишно девојче во Србија, јавуваат српските медиуми. Девојчето исчезна во вторникот околу 13 часот, кога мајката, како што изјавила во полицијата, за момент се одвоила од ќерката. Девојчето тогаш исчезнало, а земјата веќе шести ден е на нозе во големата потрага. Полицијата, …
Continue Reading
Мицкоски: Нашата волја, нашата вера и нашиот дух се нашата најголема сила, која сплотени можеме да ја искористиме за добри дела
Во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на сите верници кои го прославуваат Воскресението Христово според Грегоријанскиот календар им го честитам најголемиот христијански празник – Велигден. Овој празник е симбол на надежта и новиот почеток, ден кога ја славиме победата на животот над смртта и победата на доброто над злото. Ова е празникот на верата во Бога и …
Continue Reading
Како влијае промената во летното сметање на времето на нашиот организам
Со поместување на стрелките на часовникот за еден час нанапред се губи еден час сон, а како тоа влијае на луѓето? Летното сметање на времето почна синоќа во два часот – кога стрелките се префрлија на три часот. Будењето еден час порано од вообичаеното може да го наруши нашиот деноноќен ритам или природниот 24-часовен часовник на телото и да направи …
Continue Reading