Денвер Нагетс со 21 тројка го торпедираа Кливленд, Јокиќ го запиша 128.трипл-дабл во кариерата

Актуелните НБА шампиони, Денвер Нагетс ги декласираа Кливленд Квалирс со 130:101. Нагетс на овој натпревар погодија 21 тројка од 33 обиди. До победата ги предводеше Никола Јокиќ со 26 поени, 18 скокови и 16 асистенции. За српскиот репрезентативец ова беше 23. трипл-дабл оваа сезона, а 128. во кариерата. Тој се наоѓа на четвртото место на вечната листа. Покрај Јокиќ, брилијантен …

Continue Reading

(Видео) ПСЖ со десетмина победи во Марсеј

Фудбалерите на Пари Сен Жермен, како гости го победија Олимпик Марсеј на „Велодром“ со 2:0. во големото дерби на францускиот фудбал одиграно во 27.коло од Лига 1. „Светците“ остварија победа иако од 40. минута играа со играч помалку. Бералдо доби црвен картон по прекршокот врз Обамејанг. И покрај тоа што играа со фудбалер помалку ПСЖ дојде до предност со голот …

Continue Reading

Медиумска куќа го извлече Дани Алвеш од затвор

Бразилскиот фудбалер Дани Алвеш во последните месеци е во центарот на вниманието на светските медиуми, не поради неговите спортски успеси, туку поради тоа што беше осуден за силување. Му се закануваше долгогодишна затворска казна, но потоа се појави веста дека ќе излезе од притвор бидејќи за него е платена гаранција од милион евра. Откако излезе од затвор медиумите шпекулираа кој …

Continue Reading

Полицијата во Амстердам ја евакуираше централната метро станица: повикан е тим за експлозиви

Полицијата во Амстердам ја расчисти областа околу централната метро станица Рокин, а експертите за експлозиви се на лице место и вршат увид, соопшти полицијата. „Поради сомнителна ситуација, метро станицата Рокин штотуку е евакуирана, а областа околу станицата е опколена. ТЕВ врши увид на лице место“, напиша полицијата на платформата „Икс“. Метро станицата Рокин се наоѓа во самиот центар на градот, …

Continue Reading

Играа Сити и Арсенал „победи“ Ливерпул

Фудбалерите на Манчестер Сити и Арсенал ремизираа 0:0 во дербито од 30. коло на англиската Премиер лига. Очекувањата од „мечот на сезоната“, како што многумина го нарекоа, беа големи, но ни приближно не беа исполнети. На нерешениот резултат на „Етихад“ најмногу му се радува Ливерпул, бидејќи сега е сами на челната позиција на табелара. Тимот на Јирген Клоп сега има …

Continue Reading

„Најважно е да ги провериме луѓето од видеото“ – српскиот амбасадор во Австрија вели дека властите од двете земји се во контакт

Амбасадорот на Србија во Австрија, Марко Благојевиќ изјави дека Амбасадата е во контакт со надлежните служби на Србија и Австрија и прави се’ што е можно побрзо да се најдат лицата од видеото снимено од српски државјанин во Виена и да утврди дали во нив навистина била двегодишната Данка Илиќ, која исчезна пред шест дена во Бор. „На социјалните мрежи …

Continue Reading

Путин нареди мобилизација на 150.000 војници

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за рутинска пролетна регрутација со која се повикуваат 150.000 граѓани да служат во војска, се вели во документ објавен на веб-страницата на Кремљ. Сите мажи на возраст меѓу 18 и 30 години во Русија се обврзани да завршат една година воена служба или еквивалентна обука за време на високото образование. Во јули, Долниот дом …

Continue Reading

Тошковски: Да се размислува за повторно воведување на средно полициско образование

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска беше во работна посета на Центарот за обука на министерството за внатрешни работи каде оствари работни средби со раководството на Центарот и раководството на Факултетот за безбедност. На средбата со раководствата се разговараше за тековните активности поврзани со реконструкција на дел од објектите од Центарот кои се во сопственост на МВР, а во …

Continue Reading

Противниците на Ердоган се во водство во Истанбул и Анкара

Делумното пребројување на гласовите на локалните избори во Турција вечерва покажа дека опозицијата во Истанбул и Анкара има поволни перспективи, објавија официјалните медиуми, и покрај тоа што претседателот Реџеп Таип Ердоган е вклучен во кампањата на неговата партија АКП. Од 33 отсто преброените гласови, градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, доби 49,7 отсто од гласовите, додека неговиот главен противник од владејачката …

Continue Reading