Се отстранува срушениот мост во Балтимор, пристигна кран кој може да подигне 1.000 тони

Најголемиот кран на светот се преместува од источниот брег на САД во Балтимор за да започне денеска со отстранување на мостот кој се урна кога брод удри во него и го блокираше виталното пристаниште на градот. Дел од мостот во Балтимор се урна откако контејнерски брод удри во него рано наутро во вторникот, со што повеќе возила завршија во водата. …

Continue Reading

Колку заработи Иванишевиќ од соработката со Ѓоковиќ?

Прекинот на соработката меѓу Новак Ѓоковиќ и Горан Иванишевиќ е топ тема кај регионалната спортска јавност. Ниту една страна не ги откри точните причини за разделбата, освен што Ѓоковиќ изјави дека „достигнале точка на заситеност“. Ѓоковиќ најверојатно пукна по лошиот почеток на сезоната во која се уште нема освоено трофеј, пред најважните турнири во годината, додека Хрватите пишуваат дека, без …

Continue Reading

(Видео) Снимка од приведувањето на три лица во БиХ кои на Тикток објавија дека ја држат Данка

Тројца мажи кои синоќа беа уапсени од Федералната полициска управа (ФУП), а по наредба на српската полиција, синоќа се донесени во просториите на ФУП во Сараево на понатамошна обработка. Федералната полициска управа на Босна и Херцеговина, врз основа на информации од Министерството за внатрешни работи на Република Србија, Управа за технологија, уапси три лица кои се сомничат дека преку социјалната …

Continue Reading

(Видео) При резултат 5:1, во 92.минута Тонали намерно добил жолт картон?

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) покрена дисциплинска постапка против играчот на Њукасл, Сандро Тонали (23), поради наводни прекршувања на обложувањето по неговата преселба во Премиер лигата. За потсетување, италијанскиот играч од средниот ред веќе одлежува 10-месечна суспензија откако Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) го казни минатиот октомври поради прекршување на правилата за обложување додека беше играч на Милан. Тонали призна дека …

Continue Reading

Во вториот квартал од 2025 година стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот ќе остане 1,5%, одржана седница на Советот на Народната банка

Советот на Народната банка, на својата редовна седница, одржана на 28 март 2024 година, врз основа на редовната квартална оцена на системските ризици, донесе одлука за задржување на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на банките во Република Северна Македонија во висина од 1,5%, којашто ќе се применува и во вториот квартал од 2025 година. Одлуката се …

Continue Reading

Два силни земјотреси го погодија југот на Грција

Земјотреси со јачина од 5,7 и 4,1 степени според Рихтеровата скала утрово го погодија југот на Грција, соопшти Геодинамичкиот институт во Атина. Земјотрес со јачина од 5,7 степени се случи во 9 часот и 12 минути на подрачјето на Јонското Море, а минута претходно е регистриран земјотрес со јачина од 4,1 степени, пренесува Катимерини. Двата земјотреси беа почувствувани во многу …

Continue Reading

„Можеби некој ги следел, загрижен сум што Ивана толку ја држат“: се огласи вујкото на Данка

Стефан Драгомировиќ, братот на Ивана Илиќ, мајката на исчезнатата Данка Илиќ, девојчето од Бор се огласи за целата ситуација за српските медиуми. Вели дека е загрижен за својата внука, но и за сопствената сестра. Во средата и четвртокот Ивана ноќта ја поминала кај својот брат бидејќи полицијата поради истрага ја одвоила од сопругот Милош, таткото на Данка. „Загрижен сум што …

Continue Reading

(Видео) Богдановиќ и Мареј ги срушија Бостон Селтикс

Атланта Хокс по едно продолжение ги победија Бостон Селтикс со 123:122. Богдан Богдановиќ и Дежонте Мареј му пресудија на лидерот во НБА лигата. Првиот погоди два пати во финишот на регуларниот дел, а вториот ги постигна сите поени за Атланта во продолжението. Атланта Хокс ја забележаа четвртата последователна победа во НБА лигата, а капитенот на српската репрезентација, со две последователни …

Continue Reading

Манолева: По 43 години, болницата во Отешево доби комплетно нов лик, современи услови за третман и медицинска опрема

Заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева, вчера беше во посета на ЈЗУ Специјализирана болница за превенција лекување и рехабилитација на хронични респираторни неспецифични и алергиски заболувања ОТЕШЕВО. Оваа јавно-здравствена установа минатата година доби комплетно нов лик со реновиран болнички објект финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарија во висина од 20 милиони денари. „Со имплементацијата …

Continue Reading