Тошковски од Крањ: Остануваме посветени на заедничката соработка во борба против криумчарењето мигранти

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кој веќе втор ден присуствува на министерската конференција на Брдо процесот кој се одржува во Крањ, Република Словенија, денес имаше свое обраќање поврзано со нашата улога во борбата со илегалната миграција и криумчарењето мигранти. „Нашата држава на систематски начин се вклучува во процесот на изнаоѓање одговор во рамки на европскиот глобален пристап за справување …

Continue Reading

ЕУ воведува санкции за 33 лица поврзани со смртта на Навални

Европскиот совет одлучи да воведе санкции за 33 лица и два други субјекти поврзани со смртта на рускиот опозиционер Алексеј Навални, се вели во соопштението на Советот. Новиот список на санкции вклучува казнени колонии каде што бил затворен Навални, како и висок функционер од руското правосудство, пренесува Ројтерс. Навални отслужил триесетгодишна затворска казна, меѓу другото, за, како што е наведено …

Continue Reading

Нетанјаху до Блинкен: Испраќаме војници во Рафах, со или без американска поддршка

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел се уште е решен да испрати војници во градот Рафах во јужниот дел на Газа, дом на повеќе од еден милион Палестинци, и тоа ќе го стори без американска поддршка доколку е потребно, пишува Гардијан. Како што објави Ројтерс, Нетанјаху му рекол на американскиот државен секретар Антонио Блинкен: „Се надевам дека ќе го …

Continue Reading

„Франција ќе предложи нова резолуција за прекин на огнот во Газа“

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека земјата ќе работи на нацрт на нова резолуција за прекин на огнот во Газа, откако Русија и Кина ставија вето на американската во Советот за безбедност на Обединетите нации. „По ветото на Русија и Кина пред неколку минути, ќе продолжиме да работиме во Советот за безбедност на ОН врз основа на француската нацрт-резолуција …

Continue Reading

Кејт Мидлтон повторно забележана во Виндзор

Кејт Мидлтон наводно е забележана во Виндзор, само неколку дена откако таа и нејзиниот сопруг принцот Вилијам беа забележани на фармата Виндзор. Како што пишува „Мирор“, локалните жители кои живеат во Виндзор потврдиле дека принцезата е жива и здрава. Тие како што пренесуваат медиумите изјавиле дека парот често го гледаат во продавница. „Тоа се еден куп глупости, шпекулации за Кејт …

Continue Reading
Приведен крадец во Кичево, вршел тешки кражби во станови и куќи

Кривична пријава против скопјанец за фалсификување исправа

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал – Одделение за корупција и фалсификати поднесе кривична пријава против 55-годишниот И.Д. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа” по член 378 од Кривичниот законик, извести МВР. „Пријавениот, во својство на наводно ополномоштено лице од друго лице, кое било починато, да може да управува патничко …

Continue Reading

Бојмацалиев: Со специјални возила и нови пловни објекти за надзор, гарантирана безбедноста на јужната и западната граница

Денеска дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски беше во работна посета на Ресен каде што по средбата со раководството на ОВР Ресен, оствари средби и со раководствата на полициската станица за граничен надзор „Маркова нога” и полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Стење”, во рамки на …

Continue Reading

16 американски држави го тужат Бајден

Група од 16 американски држави поднесоа тужба против претседателот Џо Бајден и претставници на Министерството за енергетика поради суспензијата на дозволите за извоз на течен природен гас (ЛНГ). На крајот на јануари, претседателот Бајден го паузираше издавањето на дозволите за извоз на ЛНГ, а Министерството за енергетика објави анализа за нивното влијание врз економијата и животната средина. Забраната е неуставна …

Continue Reading

Макрон: Погрешно е да се мисли дека Русија ќе застане на Донбас и Крим

Секој што мисли дека Русија ќе застане во Донбас и Крим греши, изјави францускиот претседател Емануел Макрон на крајот од самитот на Европската унија во Брисел, откако Русија рече дека е во војна поради интервенцијата на Западот во Украина. „Користењето на овој термин, исто така, создава несигурност за воените цели на Русија“, додаде Макрон. Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, …

Continue Reading