Сe заканиле со пиштол и украле пари од казино во Неготино
ОВР Неготино поднесе кривична пријава против Д.Ѓ.(20), Н.Ј.(23) и К.Р.(22), тројцата од Неготино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“, казниво по член 237 од Кривичниот законик. На 25.02.2024, пријавените со закана со пиштол кон вработените, од казино во Неготино одзеле пари.
Continue Reading
Реплек стартува иновативна платформа за добросостојба „РЕсет“: работилници, настани и едукација за подобро здравје
Симбиозата на добра физичка и ментална состојба е формула за здравје и добросостојба. Главен предизвик во модерниот начин на живот е како да се одржи здравјето и добросостојбата на телото и духот. Како компанија која сака да иницира промени и да ја менува деловната и општествената култура, „Реплек АД“ започнува нова платформа „РЕсет” за поттикнување на ведар дух, здраво тело …
Continue Reading
Блинкен: Изборите во Русија се недемократски, одржани во атмосфера на интензивна репресија
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска оцени дека претседателските избори во Русија биле недемократски и оти поминале во атмосфера на, како што наведе, „интензивна репресија на независните гласови и затворање, смрт или егзил на речиси целата вистинска политичка опозиција“. „Кремљ систематски ги маргинализира групите кои се залагаат за демократски процеси и владеење на правото, вклучително и набљудувачи на изборите. Руските …
Continue Reading
Гранада го отпушти тренерот Медина
Челниците на шпанскиот прволигаш Гранада му врачи отказ на тренерот на првиот тим, Уругваецот Александар Медина (45), кој на таа позиција ја презеде пред четири месеци. На 27 ноември минатата година, клубот од Андалузија го донесе Медина како замена за Пако Лопез, под чие водство Гранада оствари само една победа во првите 14 кола и се најде на претпоследното место …
Continue Reading
Средба Џафери- Бомгартнер: Франција е значаен партнер на Северна Македонија на пристапниот пат во ЕУ
Претседателот на Владата Талат Џафери, денеска се сретна со амбасадорот на Француската Република во Скопје, Сирил Бомгартнер. На средбата беа констатирани три децении одлични билатерални односи и пријателството меѓу нашите две земји, карактеризирани со високо развиен, конструктивен и партнерски политички дијалог. Воедно, беше изразен и интересот во следниот период да се стави поголем акцент на економската и трговската соработка. Џафери …
Continue Reading
Дали ДУИ-зацијата на судството ќе заврши на црна листа, прашуваат од Коалцијата „Вреди“
Го поздравуваме проширувањето на американската црна листа со поранешната специјална обвинителка Катица Јанева. Токму нејзината лична определба, наместо испорачување правда да се стави на страната на криминалците заради лични интереси, создаде предуслови да нема одговорност за политичка корупција. Оваа ознака, за жал, докажува дека политичката корупција во Северна Македонија длабоко ги внела своите корени во системот, во институциите, а особено …
Continue Reading
Отворање на изложбата „Париски рефлексии III“ во Чифте амам
Францускиот институт во Скопје и Националната галерија, во рамките на одбележување на Месецот на Франкофонијата, со особено задоволство го најавуваат третото продолжение од циклусот изложби, под наслов „Париски рефлексии“. Отворањето ќе се одржи в петок, 22 март 2024, во 12 часот, во Чифте амам. Изложбата, која го носи предзнакот 3, претставува избор на дела од третата генерација македонски уметници кои …
Continue Reading
Националното жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“ годинава по 29-ти пат го организира изборот кој е најстарата манифестација од ваков тип во Македонија.
Од моделите пристигнати на македонскиот пазар помеѓу двата избора, Националното жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“ согласно Правилникот за работа и критериумите на изборот, одреди пет финалисти кои конкурираа за титулата „Автомобил на годината во Македонија за 2024“. Листа финалисти ја сочинуваа (наведени по азбучен ред): – Jeep Avenger – Kia EV6 – MG4 – Renault Austral …
Continue Reading
Митрески- Ларсон Џеин: Одличните политички односи и пријателство ќе ги зајакнеме и преку сојузништвото во НАТО
Претседателот на Собранието, Јован Митрески, денеска оствари средба со амбасадорката на Кралството Шведска, Ами Ларсон Џеин. Амбасадорката упати голема благодарност за подршката за членството на Шведска во НАТО, имајќи предвид дека Собранието на Република Северна Македонија беше меѓу првите парламенти на земјите членки на Алијансата, кое уште летото 2022 година, со огромно мнозинтво, го ратификуваше Протоколот за пристап на Шведска …
Continue Reading