Поведени истраги против дилери на хероин во Скопје и Велес

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело- Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанции од член 215 став 1 од Кривичниот законик. При претрес во домот на осомничениот, на 15 март полицијата пронајде 480,3 грама хероин, во 43 пакувања, како и 7,13 грама марихуана. При претресот биле …

Continue Reading

Одреден е притвор за 17 годишникот кој нацрта план за напад на училиштето во Требиње

Окружниот суд во Бања Лука му одреди едномесечен притвор на Р.Т. (17) од Билеќа, осомничен дека планирал напад на Центарот на средните училишта во Требиње, јавува АТВ. Притвор е одредена откако судијата за претходна постапка го прифати предлогот на Републичкото јавно обвинителство и малолетникот е спроведен во КПУ Бањалука. Тој е обвинет за обид за тероризам. Да потсетиме, малолетник во …

Continue Reading

(Видео) Тешка сообраќајка во Србија, загинаа двајца млади момчиња откако во нивниот автомобил удрил другар со кој се познавале од мали

По тешката сообраќајна несреќа во која загинаа двајца млади момчиња, Горни Милановац е обвиен во црно. Младите момчиња кои загинале на лице место, како и младиот човек кој ги удрил, се познавале уште од детството. – Сите тројца заедно одеа во основно училиште, осум години делеа клупа и беа во исто одделение. Прекрасни и добри, млади луѓе за пример. Судбината …

Continue Reading

Елези: Стравот на ОБСЕ за изборни нерегуларности се вика Бујар Османи

Канцеларијата на ОБСЕ-ОДИХР, поради стравот од изборни нерегуларности на наредните претседателски и парламентарни избори во Северна Македонија, одлучи овој изборен процес да го надгледува со 24 долготрајни и 300 краткотрајни набљудувачи, кажа денеска на прес-конференција Aмир Елези, потпретседател на Алтернатива. Според него, ваквото присуство на ОБСЕ-ОДИХР на изборите е знак дека оваа земја има реален потенцијал за нерегуларности во изборниот …

Continue Reading

(Видео) Ристески: Муцунски ја преспа годината, потврдија завршната сметка и годишниот извештај на Општина Аеродром за 2023-та

„Градоначалникот Тимчо Муцунски ја преспа цела 2023 година. Ова се гледа и во завршната сметка и Годишниот извештај на Општина Аеродром усвоени на последната седница на општинскиот Совет“, вели Милутин Ристески, советник на СДСМ во Советот на општина Аеродром „Согласно овие официјални документи Општина Аеродром минатата година ја заврши со реализација на само 66% од планираните даночни приходи на основниот …

Continue Reading

Од лагите на СДС пензионерите видоа само полош живот и сиромаштија, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Пензионерите најмногу ги чувствуваат штетните последици од лошото владеење на СДС и ДУИ, економската катастрофа и високата инфлација поради која едвај го поминуваат месецот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. „Реалноста е дека со оваа власт на повеќето пензионери парите од пензиите не им се доволни ни за храна и сметки кои значително поскапеа, а камо ли за лекови кои им се неопходни. …

Continue Reading

Рим никогаш нема да испрати војници во Украина, Европа да избегнува „големи изјави“, рече италијанскиот министер за одбрана

Европа треба да избегнува „големи изјави“ и противречности, туку да има јасна и обединета стратегија против Русија во однос на нејзината војна во Украина, рече италијанскиот министер за одбрана, додавајќи дека Рим никогаш нема да испрати војници во зоната на конфликтот. „Западот треба да избегнува големи изјави – како што е испраќањето на НАТО во Украина, обидувајќи се да изгледа …

Continue Reading

Ѓоковиќ проговори за прескокнувањето на Мајами: „Во овој дел од кариерата морам да балансирам…“

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ пред неколку дена најави дека ќе го прескокне турнирот во Мајами, откако загуби од Лука Нарди во третото коло на Индијан Велс. Тоа автоматски значеше дека следниот пат кога ќе го видиме е во април во Монте Карло на земјена подлога, а Србинот итно се огласи на социјалните мрежи за својата одлука денеска. Тој објасни дека …

Continue Reading

Полицијата ги фати разбојниците кои синоќа извршија филмски грабеж во Куманово

Полицијата уапси двајца мажи кои синоќа во Куманово со својот автомобил удриле во друг, пукале во возачот и му одземале торба со пари. „Денеска (16.03.2024), полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода М.А.(28) и Е.А.(32), двајцата од с.Буковиќ, скопско. Тие се сомничат дека на 15.03.2024 околу 20.20 часот на улица „Доне Божинов“ во Куманово со патничко моторно возило …

Continue Reading