Средба на Јавното обвинителство и ДКСК: договорена интензивна соработка во следењето на претстојниот изборен процес
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски заедно со неколкумина јавни обвинители денеска оствари средба со претседателката и членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на која беа разгледани можностите за подобрување на соработката меѓу двете институции. Притоа, претставниците на Јавното обвинителство и на ДКСК се договорија да го разгледаат и да дадат конкретни предлози за подобрување …
Continue Reading
Малолетник ги истепал неговите мајка, сестра и брат
Вчера во 17.00 часот во СВР Скопје, 42 – годишна жена пријавила дека околу 12.30 часот во домот во скопско нејзиниот малолетен син со тврд предмет ја нападнал неа, нејзината 20 годишна ќерка и другиот малолетен син. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
37-годишен маж избоден со нож кај Бит Пазар: го нападнале две лица
Вчера во 17,20 часот во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека на подрачје на Бит Пазар во Скопје две лица со остар предмет нападнале друго машко лице и му нанеле убодни рани. Повредниот бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, а по преземени мерки било утврдено дека се работи за лицето Ф.К.(37) од Скопје. Се преземаат мерки за …
Continue Reading
Вработувал и давал плата на лица кои не доаѓале на работа: кривична за екс директорот на ПИОМ Тетово
Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во Бирото за јавна безбедност до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Д.Б.(45) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, казниво по член 353 од Кривичниот законик. „Во периодот од 19.02.2022 до 17.03.2023, кога ја вршител …
Continue Reading
Маж починал на клиника, бил пронајден паднат на градилиште во Шуто Оризари
На 13.03.2024 во 00.00 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, чувар на објект во изградба на подрачјето на Шуто Оризари пријавил дека во 19.40 часот на градилиштето го пронашол паднат Р.А.(52) од Скопје, кој вршел контрола на материјалите. Повредениот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што подоцна починал. Увид на местото извршиле екипа на СВР Скопје и трудов …
Continue Reading
Арсенал заинтересиран за центарфорот на Спортинг Лисабон
Фудбалскиот клуб Арсенал, во летниот преоден рок планира да се засили со класична „деветка“.Долго време со Арсенал се поврзуваат напаѓачот на Брентфорд, Ајван Тони, На Арсенал, но попладнево англиските медиуми објавија дека „топџиите“ покажале сериозен интерес за играчот на Спортинг Лисабон, Виктор Ѓокереш. Репрезентативецот на Шведска игра неверојатно оваа сезона на 37 натпревари има постигнато 33 голови. Тој го привлече …
Continue Reading
„Овоштарството пред колапс поради вазалната политика и санкциите кон Русија“, вели партијата Левица
„Од државниот Завод за статистика излегоа со бројки кои се поразителни за овоштарството во Република Македонија. Домашното земјоделското производство на храна е постојано на удар од оваа ненародна власт, која е во служба на олигархијата и странските интереси“, вели партијата Левица. „Во минатата година, забележан е голем пад на извозот на овошје од Македонија и тоа 26%, покажуваат податоците од …
Continue Reading
Одбиена жалбата против продолжување на мерката притвор за таткото на Вања
Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија, донесе одлука по жалбата на обвинетиот А.Ѓ., изјавена против Решението за продолжување на мерката притвор, во кривичниот предмет познат во јавноста како „Убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска“. „Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната јавна седница на ден 13.03.2024 година, донесе Решение ВКЖ1-11/24, …
Continue Reading
Приведен крадец во Штип
Вчера во Штип, полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода 31-годишниот М.К. од Штип, извести МВР. „Тој бил фатен при вршење на кривично дело „тешка кражба“ од стан во Штип, сопственост на Г.Т.(62) и Ф.К.(56), двете од Штип“, соопшти МВР. Лицето било задржано во полициска станица, за случајот бил запознаен јавен обвинител и по целосно документирање на …
Continue Reading