173 санкционирани возачи во Скопје, 46 за брзо возење

Во Скопје 115 санкционирани возачи

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (08.03.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 115 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина осум санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за користење мобилен телефон при возење… Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Continue Reading

СДСМ: На сликите на Мицкоски и Силјановска со Ковачев се кочничарите на иднината на Македонија

И Гордана Силјановска Давкова и Христијан Мицкоски си имаат слика на која гордо стојат покрај главниот негатор на македонскиот народ, јазик, историја, култура, бугарскиот европратеник Андреј Ковачев. Сликите кажуваат многу. Тоа се кочничарите на иднината на Македонија, се вели во соопштението од СДСМ. Дали Мицкоски и Силјановска се согласуваа со ставовите на Ковачев , кој јавно тврдеше дека Гоце Делчев …

Continue Reading

Од понеделник нов начин на издавање на готови лични карти, информира МВР

Министерството за внатрешни работи информира дека за граѓаните на Скопје започнува со нов начин на издавање на лични карти. Анализата на успешноста на доставата на лични карти на домашна адреса на граѓаните на територија на град Скопје, доведе до заклучок дека постапката е нецелосна, несеопфатна и недоволно ефикасна, а истовремено го нема посакуваниот ефект и кај граѓаните и кај полициските …

Continue Reading

Бајден: Знаете ли со кого се среќава Трамп денес? Со човек кој сака диктатура

Американскиот претседател Џо Бајден синоќа го критикуваше републиканскиот ривал Доналд Трамп за средбата со Виктор Орбан, велејќи дека унгарскиот премиер се обидува да воспостави диктатура. Виктор Орбан објави дека вчера на Флорида се сретнал со неговиот „добар пријател“ Доналд Трамп. Унгарскиот премиер е еден од ретките лидери во Европа кои посакаа победа на републиканскиот кандидат на претседателските избори во ноември …

Continue Reading

Ученици од специјалното училиште за деца со оштетен слух на практична настава во БРАКО

Група на ученици од машинската струка во Државниот училишен центар за образование и рехабилитација „Партеније Зографски“ од Скопје, ја посетија компанијата БРАКО во Велес. Учениците беа задоволни што дел од практичната настава можат да поминат во вистински производствен погон, а со оглед на тоа што нивното училиште е наменето за ученици со проблеми во слухот, посетителите особено беа задоволни од …

Continue Reading

(Видео) Расел меч-винер, Лејкерси ги победија Милвоки Бакс

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс во трилер завршница славеа победа 123:122 над Милвоки Бакс. Во отсуство на леброн Џејмс, меч-винер бее ДиАнџело Расел. ЛА Лејкерси, славеа со поените на расел, постигнати на шест секунди до крајот на мечот. Последниот напад за Милвоки не успеа да го реализира Демијан Лилард. Расел натпреварот го заврши со 44 поени, шест скока и девет …

Continue Reading

Канада ќе продолжи да ја финансира палестинската агенција на ОН и покрај скандалот

Канадската влада официјално потврди дека има намера да продолжи да ја финансира Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци (UNRWA) и покрај тековната истрага за наводите за тероризам против организацијата. Канада одлучи да ги продолжи исплатите на хуманитарната организација поради „катастрофалната хуманитарна ситуација во Газа“, рече министерот за развој Ахмед Хусен. Напорите на УНРВА да ги …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Над 600.000 луѓе живеат со само 150 денари на ден, Македонија е најсиромашна држава со највисока инфлација

Над 600.000 луѓе живеат со само 150 денари на ден! Секој трет граѓанин живее со само 150 денари на ден! Македонија е најсиромашна држава во Европа и со најголема инфлација! Инфлацијата во Македонија е 50% поголема од таа во Еврозоната!, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата додаваат дека растот на БДП по глава на жител од 2017 до 2023 во Македонија …

Continue Reading

Николоски со повик до македонската дијаспора: Дојдете да го искористите своето право на глас и оваа корумпирана елита да се тргне од власт

„Со нашите иселеници, со дијаспората разговараме како да се подобрат состојбите во Македонија. Првиот чекор е промената на власта на парламентарните и претседателски избори кои што ќе се случат 24-ти април и 8-ми мај. И ги повикуваме сите наши кои што живеат надвор од Македонија да дојдат на 24-ти април и 8-ми мај во Македонија и да го искористат своето …

Continue Reading