(Видео) Ен Несири му пресуди на Реал Сосиедад

Фудбалерите на Севилја го совладаа Реал Сосиедад со резултат 3:1 (2:1) во натпреварот од 27. коло на шпанската Ла Лига. Јусуф Ен Несири го одбележа мечот на „Рамон Санчез Пишуан“, со два гола во раната фаза на натпреварот, во 11. и 13.минута,, кои го решија прашањето на победникот. Сосиедад на крајот од првото полувреме да добие пенал, откако Серхио Рамос …

Continue Reading

Спасувачка акција на Попова Шапка: Повредена Австријка за време на скијање, пренесена е со хеликоптер

Спасена е туристка од Австрија која се повредила при слободно скијање кај месноста „Орлов Камен“ на Попова Шапка. Повикот за незгодата стигнал на 112 во Центарот за управување со кризи во 14:20 часот. Заради сериозноста на повредата, а и други здравствени специфичности, не била во можност да се движи, па побаран бил хеликоптер за спасување за транспорт до болница. Директорот …

Continue Reading

Ковачевски од Рим: СДСМ ќе победи на изборите, а до 2030 година Северна Македонија ќе биде членка на ЕУ

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски денеска во Рим учествуваше и говореше на работната сесија „Решенија за подобар квалитет на живот” што се одржува во рамки на Изборниот конгрес на ПЕС 2024. Во своето излагање, Ковачевски зборуваше за прогресивните политики на СДСМ, со коишто Северна Македонија после долги години се врати на европскиот пат и обезбеди социјална правда, еднакво и достоинствено …

Continue Reading

Силјановска-Давкова е претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, повика на обединување

ВМРО-ДПМНЕ на денешната конвенција потврди дека пратеничката и професорка Гордана Силјановска-Давкова ќе биде претседателскиот кандидат на партијата на претстојите претседателски избори. Кандидатурата на Силјановска ја поддржа 444 делегати, од 448 кои гласаа. Давкова изјави дека не очекувала волку голем резултат и се заблагодари на довербата. Силјановска Давкова порача дека како универзитетски професор го користела сократовиот метод, односно ги учела студентите, …

Continue Reading

(Видео) Капитенот на Војводина го бодреше Партизан – клубот веднаш го суспендираше

Фудбалскиот клуб Војводина го суспендираше капитенот Филип Малбашиќ, бидејќи ги бодрел кошаркарите на Партизан на натпреварот со Ефес во четвртокот вечерта. Фотографии од капитенот на Војводина брзо се раширија на социјалните мрежи, најпрвин фановите на клубот беа револтирани, а потоа и клубот реагираше со суспензија.Малбашиќ не е во протоколот за денешниот натпревар со Јавор. И челниците на новосадскиот клуб не …

Continue Reading
Приведен крадец во Кичево, вршел тешки кражби во станови и куќи

Нов заплет во случајот со свекорот и снаата од Драчево, и таа го пријавила дека ја натепал

Случајот со снаата и свекорот од Драчево добива нов заплет. Откако вчера во полицијата било пријавено дека 32-годишната снаа го нападнала својот 67-годишен свекор, а во нападот учествувале и нејзините деца кои го мавале со тврди предмети, подоцна стигнала нова пријава. Сега жената тврди дека таа e онаа којашто била нападната од него. „Во текот на вчерашнинот ден, 32-годишна жена …

Continue Reading

Лавров: Русија ќе распореди дополнително оружје како одговор на проширувањето на НАТО

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска во Анталија изјави дека Русија ќе распореди дополнително оружје во новоформираните воени окрузи во Москва и Ленинград како одговор на влезот на Финска и Шведска во НАТО. „Веќе донесовме организациски одлуки, беа формирани Московскиот воен округ и Ленинградскиот воен округ. Таму ќе биде распоредено дополнително оружје кое ќе биде адекватно на предизвиците …

Continue Reading

Османи во Анталија: Регионот е ранлив, време е за брза и одлучна акција на Европската Унија

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи учествуваше на Анталија дипломатскиот форум, во Република Турција, каде имаше обраќање на панелот насловен „Предизвици и можности на Балканот“, посветен на последните геополитички случувања на Балканот, специфичните предизвици и можните решенија за гарантирана стабилност и мир во регионот. Османи осврнувајќи се на состојбите во Регионот подвлече дека истиот и натаму продолжува да е ранлив …

Continue Reading

Кузеска: СДСМ очекува силна граѓанска поддршка за Пендаровски и при собирањето потписи

СДСМ очекува силна граѓанска поддршка за Пендаровски и при собирањето потписи. Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска ги повика членовите, граѓаните и сите поддржувачи да го дадат својот потпис како поддршка на кандидатурата на актуелниот претседател Стево Пендаровски. „Во изминативе години можам да истакнам дека Стево Пендаровски покажа и докажа дека е претседател на сите граѓани без разлика на нивната верска, …

Continue Reading