(Видео) Капитенот на Војводина го бодреше Партизан – клубот веднаш го суспендираше

214175672065e3329d90585788797308_w640.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Фудбалскиот клуб Војводина го суспендираше капитенот Филип Малбашиќ, бидејќи ги бодрел кошаркарите на Партизан на натпреварот со Ефес во четвртокот вечерта.

Фотографии од капитенот на Војводина брзо се раширија на социјалните мрежи, најпрвин фановите на клубот беа револтирани, а потоа и клубот реагираше со суспензија.Малбашиќ не е во протоколот за денешниот натпревар со Јавор.

И челниците на новосадскиот клуб не се задоволни од игрите кои Малбашиќ ги пружа во последно време, што само ја зацврсти нивната одлука да се откажат од услугите на искусен фудбалер.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK