Од утре продолжува редовната настава за сите ученици во ОУ „Тодор Јанев“ во Чашка

Учениците од Основното училиште „Тодор Јанев“ во Чашка, од утре се враќаат на настава. „Под покровителство на премиерот Талат Џафери, во координација на Министерството за образование и наука, а со учество на пратениците од сите политички партии, претставниците на локалната самоуправа и засегнатите страни, информираме дека изнајдено е решение за продолжување на воспитно – образовниот процес во ова училиште, за …

Continue Reading

Вработените во МВР кои работеа на промената на личните документи утре ќе добијат уште една плата

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Митко Бојманцалиев изјави дека службите во МВР кои работеа на процесот на промена на документи утре добиваат уште една плата. „Во оваа прилика би сакал да се заблагодарам на сите колеги кои работат во управните служби изминатиот период кои работат и во смени и за викенди и празници кои дадоа свој личен допринос за …

Continue Reading

Николоски: Остриот настап во јавноста на министерот Панче Тошковски доведе до решавање на проблемот со возачките дозволи создаден од неспособноста на Оливер Спасовски, СДСМ и ДУИ

„Ситуацијата е срамна и понижувачка, граѓаните пред се тука би рекол етничките Македонци се втор пат понижени. Прв пат беа понижени кога се промени името на државата со срамниот Преспански договор во јуни месец 2018-та година, а сега се втор пат понижени кога треба да ги менуваат основните лични документи како би можеле да комуницираат во земјата и во странство. …

Continue Reading

Естонската премиерка по која Москва распиша потерница: „Нема да молчам, продолжува поддршката за Украина“

Естонската премиерка Каја Калас денеска ја осуди, како што рече, руската вообичаена тактика на заплашување откако Москва издаде налог по неа и други европски претставници. Кремљ распишува потерници, обвинувајќи ги балтичките и полските власти за непријателство кон Русија поради различните ставови за историјата на нивните односи. „Потегот на Руската Федерација не е изненадувачки бидејќи тоа е вообичаена руска тактика на …

Continue Reading

Љупчо Коцевски е нов државен јавен обвинител

Со 62 гласа „за“ Собранието денеска го именуваше Љупчо Коцевски за јавен обвинител. Коцевски на функцијата доаѓа на местото на Љубомир Јовески, чијшто мандат заврши во декември, а изминатите два месеци, должноста Републички јавен обвинител ја вршеше Соња Симовска. Во пленарната сала за време на гласањето не беа присутни пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кои претходно за време на расправата упатија бројни …

Continue Reading

Џафери првата работна посета ја почнува во Брисел, ќе се сретне со Шарл Мишел и Урсула фон дер Лајен

Премиерот на техничката Влада, Талат Џафери денес и утре ќе оствари работна посета на Брисел, што ќе биде прва меѓународна посета по стапувањето на функцијата. Во делегацијата ќе бидат првиот заменик-претседател на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ, и министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Во рамки на посетата, Џафери ќе ги посети седиштата на НАТО и на Европскиот Совет, …

Continue Reading

Маричиќ: Постојаната поддршка од Европската Комисија е гаранција за трасирањето на нашиот европски пат

Првиот заменик претседател на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ се сретна со Герт Јан Копман – Генерален директор на генералниот директорат за соседство и преговори за проширување (ДГ НЕАР). На состанокот, вицепремиерот зборуваше за придобивките од евентуалното идно членство на Северна Македонија во ЕУ, како за граѓаните, така и за европската заедница. „Вклучувањето на Северна Македонија во Европската Унија …

Continue Reading

Нов напад на малолетници врз врсник во Скопје – го натепале па му го украле телефонот

Малолетно момче било нападнато од страна на неколку врсници во населбата Нерези. Насилството се случило вчера на пладне, а случајот во полицијата го пријавила мајката на момчето. Според пријавеното, насилниците покрај тоа што го нападнале момчето му го украле и мобилниот телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Continue Reading

Мајка нападнала соученик на нејзиниот син во основно училиште во Карпош

Мајка нападнала соученик на нејзиниот син на фудбалско игралиште во основно училиште во Карпош. „На 12.02.2024 во 19.15 часот во СВР Скопје, И.С.(43) од Скопје пријавил дека околу 16.00 часот на фудбалско игралиште во основно училиште на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходно недоразбирање, неговиот малолетен син физички бил нападнат од мајка на ученик од истото училиште“, информираа од …

Continue Reading