Oткриена причината за смртта на поранешниот претседател на Чиле

Поранешниот чилеански претседател Себастијан Пинера починал од задушување кога хеликоптерот со кој управувал во вторникот се урна во езеро во јужниот дел на Чиле, соопшти денеска локалното обвинителство. Локалниот обвинител Татјана Ескивел изјави пред новинарите дека причината за несреќата се уште не е утврдена, но дека форензичките податоци овозможуваат да се утврди веројатната причина и дека специјализиран тим во моментов …

Continue Reading

Европските ревизори: Треба подобра контрола за помошта од шест милијарди евра за Западен Балкан

Предложениот план за реформи и раст на Западен Балкан од шест милијарди евра треба да им помогне на овие земји да ги исполнат условите за влез во ЕУ. Во мислењето објавено од Европскиот суд на ревизори, се посочува дека дополнителните пари на Унијата треба подобро да се заштитат, соопштуваат од институцијата. Економското зближување на шест западноевропски земји: Албанија, Босна и …

Continue Reading

Макрон: Нападот на Хамас врз Израел, најголемиот антисемитски масакр на овој век

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека нападот што го изврши Хамас во Израел на 7 октомври е „најголемиот антисемитски масакр на нашиот век“ По повод државната церемонија во чест на загинатите Французи во тој напад, Макрон рече дека секој ден се бори за ослободување на тројца Французи за кои се верува дека се уште се заложници на палестинското исламистичко движење. …

Continue Reading

Место за сопствени чадори на плажите мора да има – Грција воведува нов закон

Почнувајќи од оваа пролет, Грција ќе имплементира нов систем за регулирање на уредените плажи. Според новиот закон, најмалку 50 отсто од површината на плажата ќе мора да остане достапна за јавноста – значи, без приватни лежалки. Министерството за национална економија и финансии на Грција воведе нов закон за регулирање на плажите и крајбрежниот јавен имот во Грција, според кој површината …

Continue Reading

„Ова не се случило од времето на другарот Тито“ – Милановиќ бесен поради изборот на државниот обвинител

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, денеска го коментираше изборот на Иван Турудиќ за главен државен обвинител. „Немам порака за Обвинителството, многу е незгодно со пораките. Често на пролет реките на правдата доаѓаат и се излеваат. Сега на сите им е јасно за што зборуваме. Целата партија ХДЗ едногласно го избра овој пробисвет. Ова е првпат по другарот Тито партијата да …

Continue Reading

Генерали од Западот: Мирот во Европа не е сигурна работа, дополнително да се вооружуваат и нашите војски

Воени експерти и генерали од Запад бараат масовно зголемување на производството на муниција, за дополнително да се вооружат и украинската и нивната сопствена армија. Затоа што, велат, мирот во Европа не е сигурна работа. Во јануари неколку високи воени претставници на НАТО предупредија речиси истовремено дека Алијансата мора да се подготви за конфликт со Русија, пренесува Дојче веле (ДВ). „Мора …

Continue Reading

Хари го напушти Лондон без да се сретне со својот брат, ноќта ја поминал во хотел, јавуваат британските медиуми

Болеста на кралот Чарлс, која последните денови ги полни насловните страници на светските медиуми, повторно го разбуди интересот за врската меѓу двајцата браќа. Недолго откако дијагнозата беше откриена во јавноста, беше објавено дека принцот Хари е на пат да го посети својот татко. Меѓутоа, она што ја заинтригира јавноста и медиумите е фактот што Хари ја поминал ноќта во хотел …

Continue Reading

Црна Гора ја потресе трагедија: поранешен репрезентативец почина на 32 години

Тажна вест за ракометот и за Црна Гора: На 32-годишна возраст почина Филип Јочиќ. Тој беше јуниорски репрезентативец од 2013 до 2016 година, а повремено се најде на списокот кога селектори беа Зоран Кастратовиќ и Љубомир Обрадовиќ. Во Данска израснал како дете на иселеници од Црна Гора, а неколку пати им помагал на ракометните клубови од Црна Гора – Берана …

Continue Reading

Во Шпанија забележан најтоплиот јануари досега

Во Шпанија е забележан најтоплиот јануари од 1961 година, кога почна да се води евиденција, соопшти денеска Министерството за заштита на животната средина на земјата. Како што се наведува, просечната температура минатиот месец достигна 8,4 степени Целзиусови, што е за 0,4 степени над претходниот рекорд од 2016 година, пренесува Ројтерс. Министерството наведува дека времето е „исклучително топло“ на југот и …

Continue Reading