30-годишна жена нападната од својот вонбрачен партнер
Вчера во 23.45 часот во СВР Скопје, 30-годишна жена пријавила дека околу 19.30 часот во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 36-годишниот А.З., извести МВР. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Continue Reading
Изгоре „голф“ во Кичево, нема повредени
Вчера во 20.20 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на улицата „Маршал Тито“ во Кичево настанал пожар во патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, сопственост на 63-годишниот В.Е. од Кичево, извести МВР. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Територијална противпожарна единица Кичево. Извршен бил увид, додаваат од МВР.
Continue Reading
Министерството за правда ги основаше првите професионални одделенија на Комората за вештаци
Министерството за правда ги основаше првите професионални одделенија на Комората за вештаци со што, како што соопштуваат, „после долги години ќе се решат проблемите кои беа настанати заради нефункционланоста на Комората“. „Со донесување на новиот Закон за вештачење, обврска на Министерството за правда е да ги избере раководителите и замениците раководители на професионалните одделенија и по еден член од секое …
Continue Reading
„Уживај другар наредни сто дена и прај се ко фараон бетер од Таљат“: Апасиев со струшки дијалект му честиташе на новиот спикер
Претседателот на Левица, Димитар Апасиев на струшки дијалект му го честиташе изборот на новиот спикер Јован Митрески. „Друже, Јовче. Златна рипка да фатеше во езероно, немаше да ти текнит дека некоаш во животот че беше спикер на парламентот. Уживај другар наредни сто дена и прај се ко фараон бетер од Таљат“, му порача Апасиев кој прочита писмо од сограѓаните на …
Continue Reading
Пендаровски му го врачи мандатот на Џафери за состав на техничка влада
Со големо задоволство и со потполна одговорност го примам мандатот од претседателот на државата со ветување дека совесно и врз основа на законите и Уставот преговорите за состав на оваа Влада ќе се одвиваат соодветно на политичката потреба и состојба на државата, рече новиот технички премиер Талат Џафери, откако шефот на државата Стево Пендаровски му го врачи мандатот. Во Собранието …
Continue Reading
Презентирани приоритетите на Белгиското претседателство
На настан организиран од страна на Европското движење во Република Северна Македонија, во просториите на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, вчера беа презентирани приоритетите на Белгиското претседателство со Советот на Европската Унија. Приоритетите беа презентирани и елаборирани од стана на Фредерик Мерис, амбасадор на Кралството Белгија во Република Северна Македонија, со седиште во Софија. Обраќања на настанот имаа и …
Continue Reading
Врховниот суд донесе пресуда за предметот „Титаник“
Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија, на седницата одржана на ден 24.01.2024 година одлучуваше по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда по предметот познат во јавноста како „Титаник“. Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија, донесе пресуда КВП-КОК2-21/23, со која барањата за вонредно преиспитување на правосилна пресуда на Основниот …
Continue Reading
Пет скијачки на подиумот во Кортина, победи Фенир
Австриската скијачка Стефани Фенир триумфираше во четвртиот спуст сезонава, кој во рамките на Светскиот куп се одржа во Кортина д’Ампецо, Италија. Фенир стигна до првата победа по точно четири години, откако единствената претходна ја постигна на 27 јануари 2019 година во Гармиш-Партенкирхен. Австријката имаше само еден пласман на подиумот оваа сезона, кога беше втора во Алтенмаркт-Каухенце пред две недели. Исто …
Continue Reading
Трипуновски: Во моментов немаме категорија на земјоделци што не се разочарани, потценети, ограбени и омаловажени
Во моментов немаме категорија на земјоделци коишто не се разочарани, потценети, ограбени и омаловажени, независно дали се работи за тутунарите, за лозарите, за градинарите, за сточарите. Буквално нема категорија на земјоделци коишто изминативе шест ипол години не ја почувствува лошата политика на власта во делот на земјоделството, истакна Цветан Трипуновски, предложен кандидат за дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и …
Continue Reading