(Видео) Феникс го победи Далас, Дончиќ исфрли навивач од арената па се расправаше со новинар

Кошаркарите на Феникс го победија Далас со 132:109 и ја забележаа седмата последователна победа во НБА лигата. Санс во последно време играат одлично, се наоѓаат на шестото место на Западот со 26 победи и 18 порази. Од друга страна, Маверикс имаат скор 24-20 и ја заземаат осмата позиција во истата конференција. Девин Букер ги предводеше Санс со 46 поени, од …

Continue Reading

(Видео) Маж од Јапонија осуден на смрт за подметнување пожар, при што загинаа 36 луѓе

Маж од Јапонија е осуден на смрт за подметнување пожар во јапонско аниме студио во 2019 година, при што загинаа 36 луѓе, а десетици други беа повредени. Во инцидентот животот го загубија претежно млади уметници и вработени во студиото кои беа заробени на горните катови од зградата. Шинџи Аоба (45) се изјасни за виновен за нападот на студиото за анимација …

Continue Reading

(Видео) Украина индиректно го призна соборувањето на авионот, се огласи Зеленски, го откажа патувањето

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Москва дека „игра со животите на украинските затвореници“ по смртоносната авионска несреќа во западна Русија. Тој бара меѓународна истрага по несреќата што се случи вчера во Белгородската област во близина на украинската граница. Од друга страна, Русија соопшти дека нема преживеани откако украинските сили го собориле авионот Ил-76 со 65 украински воени заробеници, шестмина …

Continue Reading

Осминафинални двојки на КАН, домаќинот го доби најтешкиот противник

Заврши фазата по групи на Африканскиот куп (КАН). Место меѓу најдобриот 16 избори и домаќинот Брегот на Слоновата коска. Резултатите од последното коло во Ф групата и овозоможија на домашната репрезентација да влезе во нокаут фазата како една од четирите најдобри третопласирани селекции.   Брегот на Слоновата коска во групата А забележа една победа и два порази, поради што Сојузот …

Continue Reading

Русија ја нападна јужна Украина со беспилотни летала

Русија лансираше 14 беспилотни летала и пет проектили кон Украина во текот на ноќта, соопшти во четвртокот украинското воздухопловство, а системите за противвоздушна одбрана уништија 11 беспилотни летала, пренесува Ројтерс. Украинските воздухопловни сили на својот канал на Телеграм објавија дека Русија гаѓала главно цели на југот на Украина. Гувернерот на Одеса, Олех Кипер, на Телеграм изјави дека при нападот на …

Continue Reading

Се огласи турскиот хирург по смртта на девојката во Белград: „Не згрешив ништо“

Хирургот Серкан Баил, кој во Истанбул ја оперираше Британката Морган Рибеиро, која почина во Белград откако и се слоши во авионот, рече дека не направил ништо лошо. Морган сама го финансирала патувањето и операцијата на стомакот, за која платила 2.500 фунти. Таа беше оперирана во приватна болница од хирургот Серкан Баил. „Не направив ништо лошо. Таа почина од белодробна емболија …

Continue Reading

Лидл е новата германска инвестиција, вредна 80 милиони ера, вели СДСМ

„Економските мерки и политики на СДСМ создаваат услови за нови инвестиции, поволен деловен амбиент за инвеститорите и нови и подобро платени работни места. Потврда е влегувањето на македонскиот пазар на трговскиот ланец Лидл, препознатлив во регионот и светот по својот квалитет и цена“, соопшти СДСМ. „Со инвестиција од 80 милиони евра во изградба на современ логистички и дистрибутивен центар во …

Continue Reading

„Спасовски заминува како најнеславен министер на МВР со стотици скандали, убиства, мафијашки пресметки, бегства, кражби и киднапирања“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Оливер Спасовски после 8 години конечно заминува од позицијата министер за внатрешни работи. Спасовски освен што го уништи МВР, целосно ја загрози безбедноста на граѓаните, а неговото министерување беше проследено со стотици скандали за кои до ден денешен нема никаква разрешница“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. „Спасовски наместо да ги заштити граѓаните, ги штитеше криминалците и се фотографираше со нив. Спасовски наместо МВР …

Continue Reading

Приведени криумчари на мигранти

Вчера во 20.00 часот на автопатот А1, Неготино – Градско, во близина на клучка Неготино, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки во Одделот за гранични работи и миграции во Биро за јавна безбедност лишиле од слобода малолетник од село Студеничани, скопско. При контрола во патничко возило „фиат стило“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени осум …

Continue Reading