(Видео) Снимки од полициската акција во Грчец

Полицијата објави снимка од разбивањето на криминалната група, што заврши со апсење на 7 од 16 осомничени лица. Лицата, како што претходно објави министерот, Оливер Спасовски, убивале и продавале дрога. „Пријавениот Ш.М. (Шеваљ Муареми) заедно со О.Б. и Ј.К. формирале група за вршење на убиства. Организаторите создавале планови и носеле одлуки, а ги спроведувале лично или преку припадници“, рече министерот …

Continue Reading

Милошоски: Времето на ликови како Артан Груби, Талат Џафери и Рамиз Мерко поминува, тоа го гледаат и поединци од пратеничката група на ДУИ

„Прво сметам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде во позиција да го одбира коалициониот партнер, а не коалициониот партнер да не одбира нас“, истакна Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во „Тема на денот“ на Сител телевизија. „Според анкетите и сондажите кои што ги имаме на терен ВМРО-ДПМНЕ ќе има од прилика два пати повеќе пратеници во споредба со …

Continue Reading

Судот во Тирана му го продолжи куќниот притвор на Сали Бериша

Специјалниот апелациски суд во Тирана денеска ја потврди одлуката за продолжување на куќниот притвор на поранешниот премиер, Сали Бериша. Одлуката ја донела судијката Иљирјана Олдаши со која притворот е продолжен од 30 декември. По одлуката на Апелација, адвокатот на поранешниот премиер Генц Ѓокутај изјави дека одбраната ќе се жали до Врховниот суд, објави „Албаниан дејли њуз“. Поранешниот премиер Сали Бериша …

Continue Reading

Николоски: Реизборот за потпретседател на ЕПП во Советот на Европа е потврда за поддршката која ја има ВМРО-ДПМНЕ

„Европската Народна Партија е најголема политичка партија во Европа, има најмногу пратеници во ЕП, и најмногу пратеници во Парламентарното собрание на Советот на Европа каде што сум и јас. Има и најмногу премиери и претседатели во држави кои што се земји членки на ЕУ, и ја има и претседателката на ЕУ, Урсула Фон Дер Лајен“, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар …

Continue Reading

Шефот на СЗО емотивен за Газа, израелската амбасадорка искоментира: „целосен распад на раководството“

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) повика на прекин на огнот и изнаоѓање „вистинско решение“ за израелско-палестинскиот конфликт, опишувајќи ја ситуацијата во Појасот Газа како „пекол“. Тедрос Аданом Гебрејесус, кој живеел низ војна како дете и чии деца се криеле во бункер за време на бомбардирањето во граничната војна на Етиопија со Еритреја 1998-2000 година, се распаднал со емоции …

Continue Reading

Најлошата еколошка катастрофа во историјата на Данска, се движи свлечиште со тони ѓубре

Луѓето во данското село Олст живеат во страв дека нивните домови ќе бидат затрупани од свлечиште со загадено тло во една од најлошите еколошки катастрофи во историјата на Данска, пишува „Гардијан“. Свлечиштето полека се движи кон Олст, село со 400 жители јужно од Рандерс во Јитланд, откако земјата почна да се поместува во блискиот објект, управуван од Nordic Waste. Поради …

Continue Reading

Костадиновска-Стојчевска: Ја враќаме поставката во блокот 17 на Државниот музеј Аушвиц, заедно со државите од регионот

Во седиштето на УНЕСКО во Париз денеска беше потпишан Договорот за финансирање на повторно воспоставување заедничка постојана поставка во блокот 17 на Државниот музеј Аушвиц-Биркенау во Република Полска. Присутнитните гости и членовите на делегациите од земјите потписнички: Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Србија, Северна Македонија и Словенија ги поздрави генералната директорка на УНЕСКО Одри Азуле. Министерката за култура Бисера …

Continue Reading

Гобац: Веселин Вујовиќ никогаш нема да биде селектор на Хрватска

Хрватската ракометна репрезентација се прости од Европското првенство со 11. место. Обложувалниците и предвидуваа дека ќе биде на истата позиција пред турнирот, но очекувањата се зголемија по фантастичната победа против Шпанија на отворањето на турнирот. На крајот тој пласман беше прогласен за неуспешен, па почна потрагата по виновникот. Селекторот Горан Перковац вообичаено е прв на списокот, но е убеден дека …

Continue Reading

„Ќе се изненадите од имињата“ – Спасовски вели дека со криминалната група соработувале и лица од МВР, судови и обвинителства

Лица од институции, судови и обвинителства оддавале информации на криминалци. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски рече дека јавноста би се зачудила кога ќе дознае кој се’ соработувал со криминалците, откако објави дека се приведени седум од 16 лица коишто учествувале во меѓународна организирана криминална група со седиште во Македонија. „Има инволвирани во многу институции – МВР, други агенции, министерства, …

Continue Reading