Малолетник од Битола со автомобил се забил во дрво и паркирани возила, во болница е

Малолетник утрово околу 4 часот со „фолксваген голф“ удрил во дрво и две паркирани возила „бмв“ и „форд“. „Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничка болница Битола“, велат од МВР. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

Continue Reading

Кумановец се расправал со обезбедувањето во локал, а носел и пиштол

Вчера во 01.25 часот во Куманово, полицијата го приведе А.Т.(40) од Куманово. Тој, во угостителски објект на булеварот „Трета македонска ударна бригада“ агресивно се однесувал кон вработени од агенција за обезбедување, а кај него бил пронајден и пиштол. А.Т. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Continue Reading

Експертите советуваа: Ниту државата ниту „Синохидро“ да не бара отштета за автопатот Кичево – Охрид, за нов краен рок да се преговара

„Пријателско порамнување“ препорача експертот од ФИДИК (Меѓународна федерација на консултантските инженери), кој го анализира доцнењето на изградбата на автопатот Кичево – Охрид, и препорача кинеската „Синохидро“ да ја продолжи изградбата. Пријателското порамнување значи ниту државата како инвеститор ниту „Синохидро“ како изведувач да не бара отштета, компанијата да ја продолжи изградбата, а новиот прифатлив краен рок за завршување на патот заеднички …

Continue Reading

Охриѓанец си ја натепал сопругата

Вчера, во 13.40 часот, во СВР Охрид е пријавено дека А. И. од Охрид во семејниот дом физички ја нападнал сопругата. Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Грковска-Сидорф: Спортот е моќна алатка за промоција на позитивни општествени промени и вредности

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска,  одржа онлајн средба со Кларенс Сидорф, глобален амбасадор на УЕФА за диверзитет. Сидорф е најуспешниот фудбалер во холандската историја и еден од шесте луѓе во светот, кои Нелсон Мандела ги избрал како „шампиони на наследството“. Двајцата соговорници се согласија дека споделуваат заедничка визија и заложби насочени кон …

Continue Reading

Загина Лев Рубинштајн, познат руски поет и критичар на Путин: го удри автомобил во Москва

Рускиот поет Лев Рубинштајн, водечка фигура на советската „андерграунд“ книжевна сцена, почина неколку дена откако беше прегазен од автомобил, објави неговата ќерка. Рубинштајн се смета за еден од основачите на рускиот концептуализам, авангардно книжевно движење кое ја исмеваше официјалната доктрина на социјалистичкиот реализам во 1970-тите и 1980-тите. „Мојот татко, Лев Рубинштајн, почина денеска“, напиша неговата ќерка Марија на блогот што …

Continue Reading

Земјотрес со јачина од 5,8 степени ја погоди Русија

Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди Русија, јавува ЕМСЦ. Според ЕМСЦ, епицентарот на земјотресот бил регистриран во близина на Бајкалското Езеро. Земјотресот бил почувствуван во Иркутск, на речиси 400 километри оддалеченост од епицентарот. #Earthquake (#землетрясение) possibly felt 34 sec ago in #RussianFederation. Felt it? Tell us via: 📱https://t.co/IbUfG7TFOL 🌐https://t.co/AXvOM7I4Th 🖥https://t.co/wPtMW5ND1t ⚠ Automatic crowdsourced detection, not …

Continue Reading

Избодел жена, и го украл автомобилот, па влетал во неколку групи луѓе: Откриен идентитетот на напаѓачот кај Тел Авив, бројот на ранети се зголемува

Маж изврши напад во Тел Авив, во кој беа ранети најмалку 18 лица. Според првичните информации, тој најпрвин со нож избодел жена и и го украл автомобилот, за да се втурне во групи луѓе на повеќе локации. Напаѓачот е уапсен, а полицијата соопшти дека е Палестинец од Западниот Брег. Полицијата соопшти дека осомничениот кој го изврши терористичкиот напад во Ранани …

Continue Reading

Две училишта во Карпош ќе користат струја од фотоволтаици

Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски,  во својот кабинет одржа работна средба со директорот на Центарот за развој на Скопски плански регион Јане Мицевски, во чии рамки беше потпишан Договорот за заедничка реализација на проектот „Инвестиција во фотоволтаици, енергетска ефикасност, заштита на човековата околина“. Станува збор за изработка на проект и инсталација на фотонапонски систем до 20 kW со монтирање …

Continue Reading