Свињарската фарма во Свети Николе не била безбедна за работниците, утврдија инспекторите кои ќе поднесат кривична пријава

Работодавачот не презел соодветни мерки, во согласност со прописите од областа на безбедност и здравје при работа во случајот со работниците во фармата кај селото Амзабегово, Свети Николе, утвтдиле инспекторите. Во несреќата што се случи во понеделникот, едно лице загина, а уште еден работник се здоби со повреди. До несреќата, како што информираа од Министерството, дошло на  локација – шахта  од отворен тип …

Continue Reading

(Видео) Мицкоски: Амбасадорот на Холандија даде потврда за се она што ВМРО-ДПМНЕ со години наназад го зборува

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во рамки на акцијата „Важно е! Од тебе зависат промените“ при посета на Општина Кисела Вода одговорајќи на новинарско прашање за негов коментар за изјавата на холандскиот амбасадор тој посочи дека како ВМРО-ДПМНЕ тоа го зборува подолго време наназад, откако овие две партии се власт. „Амбасадорот на Холандија го потврди тоа што ние го зборуваме …

Continue Reading

Поставен камен темелник на „Верверичка”, новата градинка во општина Кисела Вода

Со свечено поставување на камен темелник денес започна изградбата на новата градинка „Верверичка”, во населбата 11 Октомври Згради која за околу 6 месеци ќе може да ги прими првите дечиња. Истата има капацитет за 110 деца и се гради преку финансиско партнерство помеѓу Општина Кисела Вода и Комерцијална Банка АД Скопје. На настанот градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и д-р Маја Стевкова …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ најави претставка до Уставниот суд за ставање на времена мерка на Законот за патните исправи

Ќе побарам поддршка од Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за поднесување претставка пред Уставниот суд за ставање на времена мерка на Законот од 2021-ва година за патните исправи, објави лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски. „Имаме две опции едната опција е во парламентот да се донесе закон со кој рокот ќе се продолжи и тоа е една од опциите. И …

Continue Reading

(Видео) Кузеска: СДСМ ја почна постапката за утврдување на кандидат за Претседател на државата

„СДСМ ја започна постапката за утврдување на кандидат за Претседател на државата за претседателските избори оваа година. Како партија со најголема внатрепартиска демократија во земјава СДСМ спроведува транспарентна и демократска постапка за избор на најдобриот кандидат“, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ. „СДСМ го избира победничкиот кандидат кој ќе биде иден Претседател на Републиката. Во тек е веќе номинацијата на …

Continue Reading

Првин Пендаровски да разговара со грчката претседателка, па потоа Владата ќе постапува, рече Ковачевски за продолжување на рокот за личните документи

Кога Пендаровски ќе има разговор со грчката претседателка ќе не’ информира, а потоа ќе можеме да постапуваме. Вака премиерот Димитар Ковачевски одговори на новинарско прашање дали Владата размислува за промена на двата закони за да се продолжи рокот за вадењето на личните документи. Ковачевски и вчера го повика Пендаровски да се слушне со грчката претседателка за да помогне во процесот. …

Continue Reading

Меџити: Целосно реновирана првата операциона сала на Клиниката за ортопедија

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска беше во посета на Универзитетската клиника за ортопедски болести по повод пуштање во употреба на реновираната прва операциона сала која е во склоп на оперативниот блок. „Денеска сме во посета на Универзитетската клиника за ортопедски болести за убав повод, а тоа е пуштање во употреба на реновираната прва операциона сала која е во …

Continue Reading

Турција, Бугарија и Романија потпишаа договор за чистење на Црното Море од мини

Турција, Бугарија и Романија, трите членки на НАТО кои тагуваат по Црното Море, потпишаа денеска тројна спогодба за отстранување на мините во Црното Море кои пловат како резултат на војната во Украина. Од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година, приморските земји забележаа пловечки мини во водите на Црното Море, поставени од завојуваните страни за заштита …

Continue Reading

Мицкоски: Системот е девастиран и уништен, тоа се виде во М-НАВ каде членови на ДУИ упаднаа и го загрозија објектот од стратешко значење

Тоа само ја покажува девастираноста на системот, уништениот систем, кој што не фунционира. Тоа што се случуваше во Македонска навигација каде што насилници и тепачи, членови на Демократската Унија за Интеграција упаднаа во просториите и практично загрозија објект кој што е од стратешко значење за Македонија, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Кисела Вода каде што беше на терен …

Continue Reading