Свињарската фарма во Свети Николе не била безбедна за работниците, утврдија инспекторите кои ќе поднесат кривична пријава

Еден-починат-а-уште-едно-лице-се-бори-за-живот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Работодавачот не презел соодветни мерки, во согласност со прописите од областа на безбедност и здравје при работа во случајот со работниците во фармата кај селото Амзабегово, Свети Николе, утвтдиле инспекторите.

Во несреќата што се случи во понеделникот, едно лице загина, а уште еден работник се здоби со повреди.

До несреќата, како што информираа од Министерството, дошло на  локација – шахта  од отворен тип која се наоѓа на отворен простор до Лагуната и Хала 1  во состав на фармата и е дел од систем за добивање и пренос на течно ѓубриво за земјоделски потреби.

Министерството за труд и социјална политика објави дека државните инспектори за труд извршија вонредни инспекциски надзори и утврдија дека не се превземени соодветни мерки во согласност со прописите од областа на безбедност и здравје при работа односно :

-Работодавачот дозволил пристап на ангажираните работници О.Т. и С.Ј. наСви работни места на кои биле изложени на сериозни и специфични опасности, а притоа не добиле посебни упатства за работа, во работниот простор не биле поставени знаци за опасност, предупредување и знаци за задолжително однесување

-Работодавачот не изготвил и спровел изјава за безбедност со спроведување на постапка за Проценка на ризик на работните место помошник мајстор на кое работел сега починатиот работник О.Т. и на работното место општ работник на кое работел повредениот работник С.Ј.

-Работодавачот не обезбедил соодветна обука од областа на безбедност и здравје при работа врз основа на програма за специфичноста на работните места помошник мајстор и општ работник

– Работодавачот не обезбедил соодветна лична заштитна опрема за двајцата повредени работници

Врз основа на утврдената фактичка состојба од страна на Државните инспектори за труд ке биде поднесена кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство за понатамошно постапување.

Министерството изрази сочувство до семејството.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK