Долговите кон извршителите застаруваат, Уставниот суд не ги прифати иницијативите за поништување на последните законски измени
Уставниот суд на денешната седница не ги прифати иницијативите да се поништат измените на Законот за облигационите односи и на Законот за извршувањето од јули минатата година, кои пропишаа застарување на извршувањата, овозможија граѓаните да бараат деблокирање на сметките ако се поминати 10 години од решенијата од извршител, да бараат намалување на каматите оти тие не смее да го надминат …
Continue Reading
Протести во Германија, по земјоделците, штрајкуваат и машиновозачите
Откако земјоделците во Германија одлучија да користат трактори за да ги блокираат клучните патишта низ земјата, штрајкот се прошири и на железницата. Како што е најавено, германските машиновозачи нема да влегуваат во своите кабини три дена, а тамошниот синдикат одлучи покрај штрајкот на патниците, штрајкот да го опфати и товарниот сообраќај, што ќе влијае на соседните земји кои зависат од …
Continue Reading
Кривичен суд во рок од 48 часа ќе одлучува за жалбата на одбраната по случувањата во М-НАВ
Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство – Скопје против решенија на судии од претходна постапка од 05.01.2024 година, со кои на 4 лица им определи мерки на претпазливост, а поврзани со случувањата во М-НАВ, во текот на денешниот ден оформи предмет по добивање на одговор на жалба од одбраната. „Со оглед на …
Continue Reading
Зетот на Виктор Орбан купил 11 деловни згради во Белград: „Ова е најголемата поединечна трансакција и во Србија и на пазарот во Југоисточна Европа“
Diofa Fund Management купи неколку деловни згради во Нов Белград, а овој фонд е дел од групата предводена од зетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан – Иштван Тиборц, пишува Форбс. Во соопштението до медиумите доставено од консултантската компанија за недвижнини CBRE SEE, се наведува дека во продажбата биле опфатени 11 згради од премиум класа, со површина од повеќе од 122.000 …
Continue Reading
Утре сообраќајот во Тетово ќе се одвива нормално и без ограничувања, одложена е посетата на странската делегација
Секторот за внатрешни работи Тетово известува дека најавениот изменет, односно посебен сообраќаен режим за утре (11 јануари) во Тетово нема да се спроведе од 5 часот и 30 минути до 12 часот, како што првобитно беше планирано. Зашто, одложена е посетата на високата делегација од Собранието на Кралството Саудиска Арабија. Тоа значи, односно подразбира, како што појаснуваат, дека утре сообраќајот …
Continue Reading
Том Круз се здружи со „Ворнер брос“ за да направи нови филмови
Актерот и продуцент Том Круз постигна договор со „Ворнер брос“ да глуми во филмови, објави студиото во вторникот. Како резултат на договорот Круз и неговата продукциска куќа ќе имаат канцеларии во „Дискавери“ на „Ворнер брос“ во Бурбенк. Сè уште не се објавени конкретни проекти во рамките на партнерството, но пактот не е ексклузивен. Круз ќе продолжи со своите постојни франшизи, …
Continue Reading
Османи и Абдула бин Мухамед Ал аш-Шеик разговараа за продлабочување на односите со Саудиска Арабија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денес оствари средба со претседателот на Собранието на Кралството на Саудиска Арабија, Абдула бин Мухамед Ал аш-Шеик кој престојува во посета на Македонија. Во фокус на средбата беа билатералните односи меѓу двете држави, при што беше истакната заедничката заложба за натамошно зајакнување на економската соработка. Османи упати честитки за изборот на Саудиска Арабија за …
Continue Reading
Правда предлага законски измени за да може на хартија да се полага испитот во Академијата за судии и обвинители
Министерството за правда иницираше измени на Законот за Академија за судии и јавни обвинители со цел главниот квалификациски тест да се полага писмено. Причина за ова, како што велат од Правда, се проблемите со полагањето на квалификацискиот тест, поради тоа што електронскиот систем не е во функција. Од Правда објаснуваат дека предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Академија за …
Continue Reading
(Видео) Вељановски: Одлука за времено финансирање на општина Карпош нема, иако буџетот е изгласан на 9 јануари
Одлука за времено финансирање на општина Карпош нема, иако буџетот е изгласан на 9 јануари, прекршен ли е законот за финансирање на ЕЛС и дали буџетот ќе важи ретрокативно, вели Роберт Вељановски, советник на ВМРО-ДПМНЕ во Совет на Општина Карпош. „Бруталното насилство и кршењето на законите во Општина Карпош продолжува. На четвртото продолжение на 37-мата седница на Советот на Општина …
Continue Reading