Правда предлага законски измени за да може на хартија да се полага испитот во Академијата за судии и обвинители

Кацарска-бара-поддршка-од-сите-политички-чинители-за-воведување-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Министерството за правда иницираше измени на Законот за Академија за судии и јавни обвинители со цел главниот квалификациски тест да се полага писмено.

Причина за ова, како што велат од Правда, се проблемите со полагањето на квалификацискиот тест, поради тоа што електронскиот систем не е во функција.

Од Правда објаснуваат дека предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Академија за судии и јавни обвинители содржи четири члена. Со членот 1 се врши надополнување на членот 40 со два нови става со кои се овозможува надминување на непредвидениот застој во постапката за полагање на приемниот испит во Академијата поради настан кој, како што тврдат, не можел да се предвиди.

„Во случај кога единствениот електронски систем за полагање на испитите не е во функција како резултат на настани кои не можеле да се предвидат, а поради крајна итност за спроведување на приемниот испит, се предлага можност квалификацискиот тест да се полага во хартиена форма, а резлтатите да се добијат со електронски читач, без вклученост на човечки фактор, водејки сметка за анонимноста, интегритетот на испитниот процес и различноста на тестовите. Решението што се предлага е слично со решението содржано во Законот за дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај“, велат од Министерството за правда.

ВМРО-ДПМНЕ остро реагираше на полагањето на тестот во писмена форма, од каде што пред два дена предупредија дека тоа е можност за вработување на партиски кадри на СДСМ и ДУИ.

Антонио Милошоски на социјалните мрежи се осврна на темата.

„Имено, на 22ри јануари се полага главниот квалификациски тест за 130 слушатели во Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО). Но, за да може оние од списоците на ДУИ и СДСМ да поминат со максимум бодови, Владата донела заклучок квалификацискиот тест да се полага писмено, наместо електронски. Ова е спротивно на членот 39 од Законот за АСЈО каде изрично е наведено дека квалификацискиот тест се полага по електронски пат, а сè со цел да не може некој од Управниот одбор на АСЈО да им ги доодговори прашањата на владините фаворити за судии и обвинители“, напиша Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Реакции деновиве имаше и од Левица, од каде што велат дека СДС-ДУИ вршат криминална селекција на кандидатите за Академијата за судии и обвинители.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK