Утре сообраќајот во Тетово ќе се одвива нормално и без ограничувања, одложена е посетата на странската делегација

МВР-и-УЈП-при-контрола-во-спортски-обложувалници-во-тетовско.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Секторот за внатрешни работи Тетово известува дека најавениот изменет, односно посебен сообраќаен режим за утре (11 јануари) во Тетово нема да се спроведе од 5 часот и 30 минути до 12 часот, како што првобитно беше планирано. Зашто, одложена е посетата на високата делегација од Собранието на Кралството Саудиска Арабија.

Тоа значи, односно подразбира, како што појаснуваат, дека утре сообраќајот во Тетово ќе се одвива нормално и без никакви ограничувања на претходното споменатите улици, а истото се однесува и за паркирањето на возилата.

Секторот за внатрешни работи Тетово со апел до возачите целосно да ги почитуваат сообраќајните знаци, правила и прописи и посебно оние кои се однесуваат на паркирањето на возилата, а пред се да избегнуваат паркирање во таканаречени „двојни редови“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK