За упадот во М-НАВ Обвинителство денес чека кривична пријава од МВР

Основното јавно обвинителство работи на вчерашниот упад во М-НАВ по кој четири лица беа приведени во полициска станица, а по уште четворица МВР доцна синоќа соопшти дека се трага. „Во моментот се преземаат дејствија за расчистување на настанот. Основното јавно обвинителство Скопје во текот на денот очекува кривична пријава од Министерството за внатрешни работи“, соопштија од Обвинителството. По вчерашниот упад …

Continue Reading

На патеката на Копаоник почина ски инструктор, пријатели и познаници се простија од него на социјалните мрежи

Дане Гегој, ски инструктор загина на 2 јануари на падините на Копаоник. Според неофицијални информации, Гегој починал од срцев удар. „Тој вчера ненадејно не напушти. Почина од срцев удар, на Копаоник, Сунчана Долина, додека го работеше она што најмногу го сакаше – уживајќи во природата, спортот и животот“, напиша неговото семејство. Погребот ќе биде во петок на 5 јануари на …

Continue Reading

Играј со најдобрите: Видеолотарија со донација од 15.453.000 и во 2023 реконструираше игралишта

Под слоганот „Играј со најдобрите“, Видеолотарија Касинос Австрија и во 2023 со буџет од 15.453.000 денари, продолжи со својата стратегија за реконструирање на мултифункционални спортски и детски инклузивни игралишта. Во рамки на нашата стратегија за општествена одговорност, продолживме со проектот „ИГРАЈ СО НАЈДОБРИТЕ“ во кој сме фокусирани на обезбедување инфраструктура за спортување. Придобивките ќе ги имаат првенствено најмладите, но и …

Continue Reading

Вознемиреност поради изјавите на израелските министри Палестинците трајно да се иселат од Газa

Шефот на Обединетите нации за човекови права, Волкер Турк, рече дека е „многу вознемирен“ од изјавите на високите израелски претставници кои ги повикуваат Палестинците да ја напуштат Газа. „Многу сум вознемирен од изјавите на високите израелски функционери за плановите за префрлање цивили од Газа во трети земји’, напиша Турк на социјалната мрежа Х. Тој додаде дека меѓународното право забранува присилно …

Continue Reading

Брод натоварен со ѓубриво удри во мост и потона во Дунав, кај Бачка паланка

Брод кој пловел под романско знаме синоќа удрил во потпорен столб на мостот на граничниот премин Бачка Паланка и  потонал, дознава порталот Нова.рс. На него имало вештачко ѓубриво кога удрил во мостот, потврдија од Полициската управа во Нови Сад. Почнал да испушта вода и набрзо потонал во водниот пат, а на местото покрај полицијата пристигнала и противпожарната единица. Засега не …

Continue Reading

Нормализиран сообраќајот на патот Гостивар-Кичево

Од 09:50 часот, сообраќајот на магистралниот пат Гостивар – Кичево е нормализиран, јавува АМСМ. Претходно сообраќајот беше во прекин поради сообраќајка.

Continue Reading

Британски медиуми: Кралот Чарлс го протерува принцот Ендру од кралското семејство поради неговите врски со Епштајн

Принцот Ендрју никогаш нема да се врати во кругот на британското кралско семејство по објавувањето на документи во кои се детализирани наводите за секс скандалите со малолетнички и поврзаноста со Џефри Епштајн, објавија британските медиуми. Документите објавени од судот во Њујорк вчера ја ставија врската на војводата од Јорк, принцот Ендрју со педофилот Џефри Епштајн, повторно во центарот на вниманието, …

Continue Reading

(Видео) Возови се судрија во Индонезија, тројца загинати, 28 повредени, спасувачите извлекуваат луѓе

Спасувачите во Индонезија се обидуваат да ослободат две лица заробени меѓу вагоните по судирот на возови во провинцијата Западна Јава утринава во кој загинаа најмалку тројца, а повредени се 28 луѓе, соопштија властите. Видеата од локалните телевизиски станици МетроТВ и ТВ Компас покажаа дека на патниците им се помага да излезат од вагоните, од кои некои целосно излетале од шините. …

Continue Reading

Селекторот делумно задоволен од играта против Грција

Foto/ facebook.com/rfmofficial Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кире Лазаров, делумно е задоволен како одиграа неговите избранци во победата над Грција 33:30. Синоќа македонските репрезентативци го одиграа вториот контролен натпревар, прет почетокот на Европското првенство. „Грција е квалитетен противник. Почнавме во грч, но брз ги надминавме проблемите и влеговме во посакуваниот ритам. Мислам дека можевме да одиграме уште подобро. Не …

Continue Reading