Ковачевски со честитка за новогодишните празници: Наша најголема вредност се луѓето, заедно направивме многу, со верба, оптимизам и мудрост ќе ги постигнеме целите пред нас

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, упати честитка до граѓаните за новогодишните празници. „Драги сограѓани, Оставаме зад нас уште една година. Година која не беше воопшто лесна. Но сепак, треба да сме горди на постигнатото. Во рамки на можностите направивме многу. Во најтешката криза работевме напорно, посветено и фокусирано. Работевме да го направиме животот подобар. За да …

Continue Reading

УХМР: Најстудено во Берово, најмногу снег во Маврово

Утрово до 7:30 часот најстудено било во Берово, -5 степени, а најмногу снег, 13 сантиметри, има во Маврови Анови. УХМР информира дека се измерени и -4 степени во Битола и Штип, -3 во Велес, Скопје-Петровец, Тетово и Струмица, -2 во Прилеп, Демир Капија, Скопје-Зајчев Рид и Кавадарци, -1 во Крива Паланка, Куманово, Гевгелија, Дебар и Маврови Анови, 0 во Охрид …

Continue Reading

Големи промени од Новата година во Германија, секојдневниот живот значително се менува

Многу работи ќе се сменат за жителите на Германија во 2024 година. Се зголемуваат минималната плата и разните надоместоци за оние со послаба финансиска состојба. Но, во некои сегменти животот ќе биде поскап. На почетокот на 2024 година ќе стапат на сила многу реформи и измени во законите кои го засегаат секојдневниот живот. Еве што се менува. Граѓански додаток Од …

Continue Reading

Фудбалерите на Фенер и Галата се херои на нацијата

Фудбалерите на Галатасарај и Фенербахче беа пречекани како херои по враќањето од Саудиска Арабија во Истанбул. Сцените од аеродромот во раните утрински часови се нереални. Галатасарај и Фенербахче не се појавија на стадионот во Ријад, Саудиска Арабија каде требаше да се одигра натпреварот од Суперкупот на Турција. Тие одбија да го одиграат натпреварот откако организаторите забранија да му се оддаде …

Continue Reading

Се сокрил кај тркалата за слетување на авионот и го преживеал 2,5-часовен лет од Алжир до Париз

Слеп патник на летот од Алжир за Франција бил однесен на интензивна нега откако бил пронајден во подвозјето на авионот кој летал за Париз, соопштија француските власти. Како што јавува Би-Би-Си, персоналот го пронашол човекот во одделот за опрема за слетување откако тој летал два и пол часа од Оран до парискиот аеродром Орли. Извор од аеродромот рекол дека патникот …

Continue Reading

Фондот со одлука: Заради скапи материјали скратени операциите за кардиоваскуларните пациенти на приватните клиники

На последниот работен ден од годинава, Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија донесе одлука за кратење на средствата за покривање на операции на кардиоваскуларните заболување за приватните болници. Во образложението на оваа одлука пишува дека кардиоваскуларните заболувања се најчестите заболувања во Македонија, а за нивен третман се трошат огромни средства. Од Фондот велат дека голем дел од …

Continue Reading

Дежурни поликлиники за празниците Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Драчево и Бит Пазар

За време на новогодишните празници, ЈЗУ „Здравствен дом на Скопје“ ќе се грижи за здравствената состојба на граѓаните во текот на 24 часа. – На 31 декември, недела, во текот на денот и вечерта за новогодишната ноќ, како и на 1 јануари, дежурни и достапни ќе бидат дежурните ординации за здравствена заштита во трета смена, недела и празници во поликлиниките …

Continue Reading

Поранешен шведски премиер: Путин сонува за царство, сака да ги проголта Украина и Белорусија

Карл Билт, поранешен шведски премиер и министер за надворешни работи и поранешен специјален пратеник на ЕУ за поранешна Југославија, пред десет дена напиша авторски текст во кој ја анализира актуелната позиција на рускиот претседател Владимир Путин. Текстот е објавен под наслов „Слепа улица на Путин“ во Киев Индипендент. Билд потсетува дека Путин на својата голема годишна прес-конференција јасно стави до …

Continue Reading

Османи: Во 2024 година посветено продолжуваме кон ЕУ

Северна Македонија направи силен пробив на светската политичка сцена во 2023 година, а нашиот глас беше слушнат од Ванкувер до Владивосток. Оваа позиција можеме да продолжиме да ја градиме и во новата 2024 година со заедничка истрајност, единство и посветеност на напредокот, истакнува министерот за надворешни работи и претседавач со најголемата светска регионална безбедносна организација ОБСЕ, Бујар Османи во своето …

Continue Reading