Грците атакуваат на енергетскиот сектор во Македонија: ЕДС во трка да ги снабдува домаќинствата со струја, од Владата молк дали ќе ја фаворизира

По тендерот за Чебрен и Галиште, грчките компании агресивно атакуваат на енергетскиот сектор во Македонија. Владата треба да го избере универзалниот снабдувач, а пак, ЕДС чиј поранешен сопственик е Кочо Анѓушев, сега во грчка сопственост, влезе во трката. Веќе се шпекулира дека Владата ја фаворизира оваа компанија, со цел од игра да го исфрли „ЕВН Хоум“. За овие наводи испративме …

Continue Reading

(Видео) Израелскиот кандидат за Евровизија загина во војната во Газа

Резервистот на израелската армија Шаул Гринглик (26) е убиен во Појасот Газа, само неколку недели по аудицијата за телевизиското шоу за песна на Евровизија во земјата. Гринглик пред неколку недели помина на аудиција во шоуто во кое се избираат кандидатите кои ќе го претставуваат Израел на Евровизија 2024 во Шведска. На 3 декември се појави во израелското шоу „Израелската ѕвезда …

Continue Reading

Куче го искасало Арон Гордон по лицето и рацете

Шокантни вести доаѓаат од САД, поточно од таборот на Денвер Нагетс. Имено, како што објави познатиот новинар Шамс Чаранија, еден од најдобрите играчи на актуелниот НБА шампион Арон Гордон бил искасан од куче. Како што е наведено, тој се здобил со повреди на лицето и раката откако на Божиќ бил нападнат и каснат од куче. Значи дека инцидентот се случи …

Continue Reading

Почина поранешниот претседател на ЕК, Жак Делор

Поранешниот претседател на Европската комисија, Жак Делор, почина денеска на 99-годишна возраст, пренесува „Гардијан“. Тој починал во својот дом во Париз, а неговата ќерка Мартин Обри изјавила дека починал во сон. Делор беше француски министер за финансии од 1981 до 1984 година. Тој беше на чело на Европската комисија девет години, од 1985 до 1995 година.

Continue Reading

Сообраќајка на патот Струмица-Валандово, сообраќајот во прекин

Попладнево на патот Струмица-Валандово се случила сообраќајна несреќа. АМСМ информира дека од тие причини, на тој патен правец има прекин на сообраќајот. „Од 19:30 часот во прекин е сообраќајот на патот Струмица-Валандово, поради случена сообраќајна незгода, кај м.в.Македонска куќа“, соопшти АМСМ.

Continue Reading

Спасовски и Грковска на средба со ЕВР Гази Баба: Голема ефикасност во откривањето на сторителите на кривични дела

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, остварија работна средба со раководството на СВР Скопје – Единица за внатрешни работи Гази Баба, со цел да извршат увид на реализираните активности, да се видат и резултатите од инвестициите во подобрување на стандардите на работењето на полициските служби, што …

Continue Reading

Егзибиција која се претвори во спектакл – Алкараз го победи Ѓоковиќ во Ријад

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз по голема борба успеа да го совлада Новак Ѓоковиќ во егзибициски меч во Ријад со 2:1 во сетови. Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз можеби закажаа ревијален меч во главниот град на Саудиска Арабија, но пред распродадените трибини на „Арената на кралството“ приредија вистински спектакл. Во првиот „неофицијален“ меч победи играчот кој подобро сервираше: Ѓоковиќ – Алкараз …

Continue Reading

Убиецот од Прага оставил проштално писмо и признал: пред масовното убиство убил татко и двомесечно бебе

Студентот на Филозофскиот факултет во Прага, кој на 21 декември со пушка уби 14 студенти и предавачи, а потоа се уби и себеси, а рани 25 други лица, во своето проштално писмо признал дека убил млад татко и неговото двомесечно бебе недела порано кога се шетале во шумата на периферијата на Прага. „Во текот на истрагата, во селото Хостоуњ е …

Continue Reading

Нормализиран сообраќајот на стариот пат Неготино-Кавадарци

Попладнево од 18:45 часот на регионалниот пат Р-103, стар пат Неготино-Кацадарци, сообраќајот е нормализиран, информира АМСМ. Информацијата од АМСМ доаѓа по претходното соопштение за целосен прекин на сообраќајот, откако на истиот пат се случила сообраќајна несреќа.

Continue Reading