Драматични сцени во Романија: Голем пожар избувна во пансион, загинаа дете и четворица возрасни

Голем пожар избувна во гостинска куќа во селото Тохани во Романија. Засега е познато дека загинале пет лица – дете и четворица возрасни, додека на терен се голем број пожарникари. Пожарникарите се уште трагаат по уште три лица, меѓу кои и две малолетни лица. Сите исчезнати биле на првиот кат од зградата. Туристите кои престојувале на приземјето успеале да се …

Continue Reading

Струјата од први јануари ќе поевтини за првиот блок за 5,16 отсто, за вториот останува иста, а за третиот и четвртиот блок поскапува за 2,88% и 1,86%

Корисниците на електрична енергија од првиот блок кои имаат најмала потрошувачка од први јануари ќе плаќаат поевтина струја, цената на струјата за корисниците од вториот блок останува иста, а поскапува струјата за корисниците од третиот и од четвртиот блок. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски ги соопшти нивите цени на струјата за домаќинства. „Цената на струјата од 1 …

Continue Reading

Охриѓанец ја претепал сопругата

Денеска во раните утрински часови односно во 01.35 часот на улица „7 Ноември“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода М.И.(20) од Охрид. Претходно во семејниот дом тој физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Крамариќ подготвен за трансфер во Серија А

Искусниот хрватски напаѓач Андреј Крамариќ по осум години би можел да го напушти Хофенхајм и кариерата да ја продолжи во Серија А. Неговиот агент Виченцо Кавалиере вели дека трансферот би можел да се случи веќе во јануари. „Крамариќ ги следи случувањата во Италија и убеден сум дека би можел да биде стартер во која било екипа во Серија А. Хофенхајм …

Continue Reading

Стив Кер и се налути на НБА: Јокиќ шутна 18 слободни, не ни дозволуваат да играме одбрана

Стив Кер, тренерот на Голден стејт Вориорс, ги коментираше 18-те слободни фрлања доделени на Никола Јокиќ по поразот на неговиот тим од Денвер (120:114). Јокиќ ги погоди сите 18 и значително придонесе за триумфот на Нагетс во НБА Божиќниот специјал. „Судиите не се виновни. Имаме одлични судии во лигата. Проблемот е што изгледа ја извадивме одбраната од игра. Судиите ги …

Continue Reading

Турскиот парламент расправа за членството на Шведска во НАТО

Турскиот парламент попладнево треба да ја продолжи расправата за ратификацијата на шведската кандидатура за членство во НАТО, горливо прашање дополнително комплицирано откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го поврза со барањето на Анкара Вашингтон да и продаде борбени авиони Ф-16. Шведска и Финска го отфрлија децениското воено неврзување и се обидоа да се приклучат на одбранбената организација предводена од САД …

Continue Reading

Демократски сојуз: ДУИ и СДСМ да не го блокираат изборот на член на ДИК

Демократскиот сојуз ги повикува ДУИ и СДСМ, да не го блокираат изборот на член на Државната изборна комисија поддржан од опозициските политички партии на Албанците, бидејќи тоа е законска обврска. „Алијансата на Албанците една година е дел од парламентарното мнозинство и партиципира со свои министри во Владата и другите ешалони на власта и нема законски основ да предлага, односно да …

Continue Reading

Трамп: Бајден нека скапува во пеколот, среќен Божиќ

Поголемиот дел од светските политички, духовни и национални лидери го слават Божиќ со повици за мир или со нагласување на доблестите на семејството и заедницата, но тоа не е стилот на Доналд Трамп, пишува Си-Ен-Ен. Поранешниот претседател според медиумот го искажа својот гнев и горчина на неговата социјална мрежа „Вистина“ на Бадник и Божиќ. Трамп ги нападна претседателот Џо Бајден …

Continue Reading

Навални се огласи за прв пат откако се премести на северот на Урал, се чувствува добро

Осудениот руски опозициски лидер Алексеј Навални изјави дека пристигнал во затворот лоциран во Арктичкиот круг, на северот на Урал и дека се чувствува добро. Тоа беше објавено на неговата платформа Х (Твитер) по повеќе од две недели откако ништо не се знаеше за него, објави Ројтерс. Тој кажа и дека го посетил адвокат.   Неговите соработници биле загрижени затоа што …

Continue Reading