Стив Кер и се налути на НБА: Јокиќ шутна 18 слободни, не ни дозволуваат да играме одбрана

Стив-Кер-и-се-налути-на-НБА-Јокиќ-шутна-18.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Стив Кер, тренерот на Голден стејт Вориорс, ги коментираше 18-те слободни фрлања доделени на Никола Јокиќ по поразот на неговиот тим од Денвер (120:114).

Јокиќ ги погоди сите 18 и значително придонесе за триумфот на Нагетс во НБА Божиќниот специјал.

„Судиите не се виновни. Имаме одлични судии во лигата. Проблемот е што изгледа ја извадивме одбраната од игра. Судиите ги учат дека секој контакт е фаул и дека веднаш се оди на линијата за слободни фрлања. Да бев навивач, не би сакал да го гледам второто полувреме од овој натпревар. Беше одвратно“, рече Кер.

Познатиот стручњак смета дека играчите максимално ги користат ваквите ситуации.

„Играчите стануваат попаметни и сакаат да добиваат поени што е можно полесно. Тие целосно го користат она што им се нуди. Така, сè почесто ќе имаме паради со шутеви од линијата за слободни фрлања, а тоа воопшто не ми се допаѓа“, заклучи Кер.

Јокиќ шестти пат сезонава доби двоцифрен број на слободни фрлања. Конкурентите во трката за МВП признанието Џорл Ембид и Јанис Адетокумбо шутираат многу повеќе слободни од него.

Џоел Ембиид досега имал 16 натпревари со двоцифрен број на слободни фрлања. Двапати шутирал повеќе од 18 пенали на натпреваро (19/21 против Оклахома, 16/19 против Детроит). Од почеткот на сеозната, на линијата за слободни бил 289 пати, постигнал 258 поени.

И Јанис Адетокумбо на 16 натпревари имал двоцифрен број на слободни фрлања. Сезонава трипати изведе 18 пенали, еднаш 19, а еднаш дури 32. Вкупно изведе 317 слободни фрлања, погодил 213.

Јокиќ шутирал 176 слобидни фрлања, постигнал 140 поени. Јокиќ во просек од линијата за слобдни постигнува по 3,6 поени, Јанис 7,6, а Џоел дури 10,3 поени во актуелната сезона.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK