Путин ќе има 30 конкуренти за позицијата претседател на Русија
Повеќе од 30 лица поднеле апликации за кандидатура за функцијата руски претседател, изјави претседателката на руската Централна изборна комисија, Ела Памфилова. Таа за Тас изјави дека изборната кампања секако ќе биде конкурентна, бидејќи е очигледно дека ќе има повеќе од еден кандидат. Руските граѓани на претседателските избори можат да учествуваат како независни кандидати или како кандидати на политички партии, а …
Continue Reading
САД возвратија откако Хезболах ја нападна американската база во Ирак со беспилотни летала
Американската војска изврши воздушни напади во Ирак како одговор на нападот со беспилотно летало на проирански милитанти врз американска воена база во кој тројца американски војници беа ранети, а еден e во критична состојба, соопштија официјални лица. Групите поврзани со Иран во Ирак и Сирија се противат на нападите на Израел во Газа и ги сметаат САД делумно одговорни. „По …
Continue Reading
Власта на СДС и ДУИ се обидува да ја прошири Позитивната листа само со лекови од свои блиски фармацевтски фирми, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Министерот за здравство Фатмир Меџити минатата недела медиумски повторно, по кој знае кој пат најави дека наскоро ќе се проширува Позитивната листа на лекови што финансиски ги покрива Фондот за здравство, велејќи дека „и на оваа проблематика и доаѓа крај“. Нова дополнета Позитивна листа на лекови нема. Или крајот никако да дојде за нарачаните импровизирани здравствени одлуки на власта, велат …
Continue Reading
(Видео) Русија призна голем пораз на Крим, оштетен моќен брод на флотата на Путин
Руското министерство за одбрана соопшти дека големиот десантен брод „Новочеркаск“ бил оштетен во пристаништето Феодосија на Крим, при одбивање напад на украинските вооружени сили. „При одбивање на нападот на вооружените сили на Украина со ракети управувани од авион врз базата Феодосија, оштетен е големиот десантен брод Новочеркаск. Системите за противвоздушна одбрана уништија два непријателски тактички авиони Су-24 во реонот на …
Continue Reading
(Видео) Дончиќ со 50 поени го растури Феникс
Далас Маверикс ги совлада Феникс Санс на гостински терен со резултат 128:114 во последниот натпревар од Божикната програма во НБА лигата. Блескаше Лука Дончиќ, кој постигна 50 поени и со тоа надмина 10.000 поени во својот 358. натпревар во НБА. Словенецот имаше уште и 15 асистенции и шест скока. Дерик Џонс додаде 23 поени за победничкиот тим, а Дерек Лајвли …
Continue Reading
Завршни зборови на одбраната за автобуската несреќа кај Ласкарци
Со завршни зборови на одбраната, во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за автобуската несреќа кај селото Ласкарци, во која животот го загубија 16 лица, а над 30 беа повредени. Како што е најавено, завршен збор треба да даде одбраната на четвртообвинетиот, Горан Дуковски, петтообвинетиот, Јане Боварски, и шестообвинетиот Маноил Трифуновски. На минатото рочиште, завршни зборови …
Continue Reading
СДСМ: Зад сите одлуки на Касами во Тетово стои ДПМНЕ
Градоначалникот на Тетово Билал Касами и ОК на ДПМНЕ од Тетово одлично си соработуваат, но не во интерес на граѓаните, и решавање на предизвиците во општината, туку за партиски интереси, велат од СДСМ. „Доказ за тесната соработка и меѓусебна согласност на сите одлуки во Тетово меѓу градоначалникот Касами со ДПМНЕ, се речиси половина од директорските и раководните позиции во Општина …
Continue Reading
Путин го потпиша законот: На земјите од ЕУ повторно им се наплаќаат визите
Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој повторно се воведуваат такси за издавање руски визи за државјани на одредени европски земји. Законот се однесува на граѓаните на Данска, Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија, како и на ЕУ како целина, пренесе ТАС. Луѓето кои претходно беа ослободени од плаќање за виза, сега ќе мора да платат за тоа. Станува збор …
Continue Reading
Преку денот сончево и релативно топло, во котлините со подолготрајна магла
Претпладне по котлините и особено вдолж Повардарието ќе има појава на магла која во текот на денот ќе се намали. Преку денот ќе биде сончево, тивко и релативно топло освен во котлините со подолготрајна магла. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 9 до 17 степени. Во Скопје претпладне со појава на …
Continue Reading