РЕК Битола повторно со само еден блок на мрежа

Како што предупредивме во претходното сопштение, денес во раните утрински часови од мрежа испадна БЛОК 3 од РЕК Битола,  односно што би рекле од Електрани на Македонија ‘’плански’’ испадна Третиот БЛОК поради немање јаглен. Деновиве со влошувањето на временските услови нагло паднаа резервите на јаглен на деопинијата во Термоелектрани Битола и мораше во Вторникот да се исклучи Блок 1,  а …

Continue Reading

(Видео) Зеленски со божикна порака откако Украина го промени датумот за празнување: „Злото ќе биде победено“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски испрати божиќна порака со охрабрување до своите сограѓани на Бадник. „На крајот темнината ќе изгуби. Злото ќе биде победено“, вели Зеленски во видео пораката. Тој додаде дека целата земја ќе се моли заедно за време на празникот: За нашата слобода. За нашата победа. За нашата Украина“. Претседателот им се заблагодари на украинските војници кои го поминуваат …

Continue Reading

Најновиот хотел на Пониква стартува со работа (ФОТО)

Од утре стартува со работа новоизградениот хотел Конак Пониква кој се наоѓа на 1600м надморска висина. Тој има капацитет за сместување на 64 гости. Хотелот се наоѓа помеѓу две ски стази во туристичката населба на Пониква. Располага со 19 соби, двокреветни, трокреветни и апартмани кои се целосно опремени и со сопствени тоалети.  Освен прекрасниот поглед, веднаш до хотелот има езерце, …

Continue Reading

Иско ќе потпише нов договор со Бетис

Фудбалскиот клуб Бетис и Иско постигнаа договор за продолжување на соработката. Актуелниот договор на Иско истекува по завршувањето на сезоната. Бетис реши да му понуди нов откако Иско за кратко време импресионираше со она што го покажа од стартот на првенството. Иско ќе потпише нов договор до летото 2027 година, кој наскоро ќе биде официјализиран. Тој одигра 23 натпревари оваа …

Continue Reading

Полицајци маскирани во Дедо Мраз апсат дилери во Перу

Полицијата во Перу ги користи божиќните празници за да спроведе рации за апсење на осомничени за шверц на дрога, облекувајќи се во Дедо Мраз. Тајните агенти уапсиле двајца мажи кои родавале кокаин и канабис во куќа во Хуарал, објави Скај њуз. Полицијата во Перу ја искористи празничната атмосфера за да разбие банда за шверц на дрога во опасен кварт северно …

Continue Reading

Тежок пораз на Партизан во Задар

Кошаркарите на Партизан во 13. коло од АБА лигата доживеаја пораз во Задар во арената „Крешимир Ќосиќ“ со резултат 84:68. Црно-белите го претрпеа четвртиот пораз во регионалното натпреварување и сега имаат биланс од девет победи и четири порази. Од друга страна, Задар има скор од седум победи и шест порази. Задар од почетокот ја презеде контролата врз играта, од резултатот …

Continue Reading

Вучиќ: Борците против насилството се покажаа како вистински насилници

Српскиот претседател, Александар Вучиќ вели дека сцените се драматични пред Градското собрание но ги повика граѓаните да не се грижат. -Ниту една револуција не е во тек, ништо нема да успее. И ќе се обидеме да не повредиме никого со нежна и смирена реакција – рече претседателот. Тој  нагласи дека на улиците се собрале околу 2.490 луѓе. „Во овој момент …

Continue Reading

„Отвори, отвори“ – инциденти на протестите во Белград, разбиен влезот на Градското собрание

Официјални лица и поддржувачи на листата „Србија против насилството“ вечерва го разбија влезот на Градското собрание на Белград. Како што јавуваат српските меидуми, со рачка за знаме е скршен влезот во зградата. На снимките се слуша „Отвори, отвори“. Во Србија веќе неколку денови има протести поради обвинувањата на опозицијата за изборна кражба. Студентите кои протестираа побараа од претседателот на Србија …

Continue Reading

Голема нула во дербито помеѓу Фенербахче и Галатасарај

Долгоочекуваното турско дерби меѓу Фенербахче и Галатасарај ги разочара навивачите на двата тима, но и фудбалските фанови ширум светот, мрежите на дуелот на „Шукру Сарачоглу“ останаа недопрени – 0:0. Фенербахче и Галатасарај останаа на врвот на табелата во турскиот шампионат со по 45 поени. Само еден удар во рамката од голот, неколку солидни прилики, многу дуели и тензии, повеќе на …

Continue Reading