На припадничките на пет хороскопски знаци никој не може да им одолее, зрачат со шарм и самодоверба

Припадничките на овие хороскопски знаци се неодоливо привлечни за секој што ќе ги запознае, имаат самодоверба и не го кријат тоа. Претставуваме пет знаци кои шармираат секој ден без да вложуваат посебен напор. Овен Припадничките на овој знак зрачат со самодоверба, која ги привлекува сите околу нив. Имаат авантуристички дух, што е токму она што ги привлекува луѓето кои бараат …

Continue Reading

Прооден патот Маврово-Маврови Анови за тешки моторни возила

Од 08:30 часот се укинува забраната за тешки моторни возила на патниот правец Маврово – Маврови Анови, информираат од АМСМ. Забраната беше воведена вчера по обилните снежни врнежи.

Continue Reading

Над 3600 деца се вакцинирани во нивните домови во Македонија

Над 3.600 деца се вакцинирани во нивните домови или им е закажан термин за вакцинација и се поделени над 7.500 информативни материјали, во рамки на заедничката кампања на Министерството за здравство и Светската здравствена организација, со поддршка од Европската Унија, насловена „Од врата до врата“. Исто така, во рамки на оваа кампања се вакцинирани и 2630 граѓани над 65 годишна …

Continue Reading

Во Србија почна гласањето на предвремените избори

Во Србија денеска се одржуваат предвремени парламентарни избори. Ова е петто парламентарно гласање откако Српската напредна партија на претседателот Александар Вучиќ ја презеде власта во 2012 година. Последните анкети покажуваат дека Вучиќ и социјалистите – неговите коалициски партнери – можат да соберат повеќе од 50 проценти од гласовите, а „Србија против насилството“ добива поддршка од речиси 24 проценти. Се очекува …

Continue Reading

Трамп заборави дека има четири деца со имигрантки: Повторно вели дека имигрантите ја трујат крвта на Америка

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп и еден од претендентите на републиканците за учество во новата претседателска трка, следната година во ноември, на собир во Њу Хемпшир излезе со скандалозно тврдење со кое ги обвини имигрантите за, како што кажа, „труење на крвта на Америка“. „Гардијан„ наведува дека ваквата изјава на Трамп доаѓа само неколку недели откако делови од американското општество …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: За бизнис од 600 милиони на СДС и ДУИ, Стевчо Јакимовски ќе го бетонизира Карпош

СДС и ДУИ се директно засегнати од ДУП-от за Алумина. „Пуцко Петрол“, компанија на синот на Исмаил Јахоски, пратеник од ДУИ е фирмата чија сопственост е земјиштето каде ќе се градат над 350.000м2 станбен и деловен простор, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „За „Пуцко Петрол“ да направи бизнис од над 600 милиони евра, Стевчо Јакимовски ја напаѓа ВМРО-ДПМНЕ, затоа што само ВМРО-ДПМНЕ …

Continue Reading

Хамас: Подготвени сме за размена на затвореници, но прво прекин на огнот

Палестинската милитантна група Хамас објави дека нема да се согласи на друг договор за ослободување на заложниците што ги држи во Газа доколку, како што наведе, не престане израелската агресија врз Појасот Газа. „Го потврдуваме нашиот став дека нема да отвориме никакви преговори за размена на затвореници доколку еднаш засекогаш не престане агресијата врз нашиот народ“, се наведува во соопштението …

Continue Reading

Бродолом кај Либија: се удавија 61 лице, меѓу нив и деца

Најмалку 61 мигрант, меѓу кои и жени и деца, се удавија по бродолом кај Либија, соопшти денеска Меѓународната организација за миграција (ИОМ) во Либија. На платформата Икс (Твитер) организацијата ги пренесе изјавите на преживеаните дека на бродот имало околу 86 луѓе и дека тргнал од либискиот град Звар, пренесе Ројтерс. Во последниве години, Либија е доминантна транзитна точка за мигрантите …

Continue Reading

Се врати дома по шест години: исчезнатиот Алекс кој беше пронајден во Франција слета во Британија

Британскиот тинејџер Алекс Бити (17), кој беше пронајден во Франција откако исчезна пред шест години, синоќа се врати во Велика Британија, соопшти полицијата на Манчестер. Алекс Бети, исчезна во 2017 година кога имаше 11 години, додека беше на одмор во Малага, на југот на Шпанија со мајка му и дедо му, напуштајќи ја духовната заедница на Пиринеите каде што живееше, …

Continue Reading