Спасовски се согласува со Агелер, но вината за неказнувањата на криминалците не ја гледа кај МВР туку кај правосудството

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски ја коментираше изјавата на амбасадорката на САД, Анџела Агелер, која изјави дека институциите биле свесни дека осомничените биле криминалци, но не ги санкционирале, а цената ја плати Вања. „Јас го зборувам тоа многу често досега и во медиумите. И кога говорев за неказнивоста за сите кои ја пљачкаа државата, го уништуваа народот и беа главни …

Continue Reading

Ловец падна во провалија кај Буковиќ и скрши нога, со хеликоптер на МВР пренесен во болница

Ловец се повреди кај скопското село Буковиќ, на непристапен терен, по што е безбедно евакуиран и со хеликоптер се транспортира на Ургентниот центар, обајви Центарот за управување со кризи. „Сите ангажирани од Системот за управување со кризи и ловците реагирале добро и според најдобрите можности што ги имале при итната ситуација на непристапниот терен“, од ЦУК ја оценуваат спасувачката операција. Ловецот …

Continue Reading

Тројца загинати во нелегална трка на автомобили на автопат во Косово

Три лица загинаа доцна синоќа кога автомобил што учествувал во нелегална трка на автопат во Косово ја загубил контролата и завршил во публиката. Покрај тројцата загинати, во несреќата на автопатот „Ибрахим Ругова“ во близина на Призрен повредени се уште тројца од гледачите на трката меѓу две возила марка „фолксваген голф“. На повредените им е пружена лекарска помош, додека осомничениот возач …

Continue Reading

(Видео) Газдата на Фејсбук гради таен бункер на Хаваи: Се подготвува ли за апокалипса?

Под автопатот што се движи околу североисточната страна на хавајскиот остров Кауаи, во мирна земјоделска област помеѓу туристичките центри Капаа и Ханалеи, во тек е огромен, таен градежен проект. Висок ѕид го блокира погледот од блискиот пат, каде што автомобилите забавуваат за да се обидат да видат што има зад него. Чувари стојат на капијата и патролираат по околните плажи …

Continue Reading

Автомобил удри во пешак на улица во Чаир, момчето е во болница

Вчера околу 19 часот, на улицата Цветан Димов, автомобил „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Б.С.(35) од селото Лопате, кумановско, удри во пешакот С.О.(26) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот С.О., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, објави МВР во дневниот билтен.

Continue Reading

Скопјанец украде куче од двор во Драчево

Полицијата приведе 50-годишник од селото Студеничани, Скопско поради кражба на куче. Тој се сомничи дека вчера околу 9 часот наутро, од двор на подрачје на Драчево одзел куче домашен миленик, сопственост на Н.Т.(41) од Скопје. „Кучето било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица“, велат од МВР. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде …

Continue Reading

Експлозија во фабрика за експлозиви во Индија, девет жртви

Најмалку девет работници загинаа, а неколку други се повредени во експлозија утринава во фабрика за експлозиви во Нагпур, централна област во индиската држава Махараштра, соопшти претставник на локалната полиција. Експлозијата се случила во фабриката Solar Industries India, изјави претставник на локалната полиција, пренесува „Ројтерс“. Фабриката произведува индустриски и воени експлозиви, како и погони и боеви глави за индиската индустрија за …

Continue Reading

(Видео) Колева: Отвораме можност да се зголемат платите во приватниот сектор до 9.000 денари

Преку новиот, 9-ти апект антикризни мерки, вреден 622 милиони евра, обезбедуваме поддшрка за зголемување на платите на работниците во приватните компании, објави пратеничката од СДСМ, Даниела Колева. Зборувајќи за мерката, таа објасни дека тоа ќе значи ослободување од придонесите за плати за рабодавачите. „Отвораме можност да се зголемат платите на работниците во приватниот сектор од 3.000 до 9.000 денари. Работодавачот …

Continue Reading

Почина музичарот Колин Бурџис, првиот тапанар на легендарниот бенд AC/DC

Поранешниот тапанар на легендарниот бенд AC/DC Колин Бурџис почина на 78-годишна возраст. Веста за неговата смрт беше споделена на официјалната Фејсбук страница на бендот AC/DC, а причината за смртта се уште не е објавена. „Многу е тажно што слушнавме за смртта на Колин Бурџис. Тој беше нашиот прв тапанар и многу почитуван музичар“, се вели во објавата на социјалните мрежи. …

Continue Reading