Доктор од болницата „Ал Шифа“: Израелските сили постојано не испрашуваат за Хамас

Лекарот во палестинската болница „Ал Шифа“ во Газа, Ахмед ел Михалати, рече дека израелските сили постојано ги испрашуваат вработените во болницата за Хамас. „Вообичаеното прашање е – дали знаете нешто за групата Хамас, дали знаете нешто за тунелите под болницата?“, изјави Ел Михалати за Си-Ен-Ен, додавајќи дека персоналот е ограничен да се движи низ болницата, која ја посети минатата недела. …

Continue Reading

Рејтингот на Бајден е на историски најниско нивo, покажуваат најновите анкети

Само 40 отсто од американските гласачи го одобруваат она што го прави Бајден, додека 57 отсто од испитаниците не го одобруваат неговиот настап. Сегашниот рејтинг на американскиот претседател Џо Бајден достигна најниска точка од почетокот на неговото претседателствување, а повеќе од половина од Американците се незадоволни од начинот на кој Вашингтон се справува со конфликтот меѓу Хамас и Израел, според …

Continue Reading

Потрес во компанијата што го лансира ChatGPT, Сем Алтман сепак не се враќа на главната позиција

Одборот на директори на OpenAI го ангажира коосновачот на „Твич“, Емет Шир, како привремен извршен директор, известува „Аксиос“ цитирајќи извор запознаен со ова прашање. Оваа информација значи дека сменетиот поранешен извршен директор Сем Алтман, кој разговараше со раководството викендов, нема да се врати. Ненадејното отпуштање на Алтман ја изненади технолошката индустрија бидејќи тој стана заштитно лице на сегашниот подем на вештачката …

Continue Reading

Приведен малолетник: управувал возило без документи

Полициски службеници на СВР Тетово вчера околу 12 часот и 50 минути, на улица „Вонвардарска“ во Тетово, привеле 17-годишник од Тетово. Тој управувал патничко моторно возило „пежо“ со тетовски регистарски ознаки и непоседувал никакви документи. Полицијата соопшти дека се расчистува и документира случајот.

Continue Reading

Возило удрило во велосипед во Тетово и побегнало

Вчера, околу 13.30 часот, во СВР Тетово било пријавено дека на улицата Видое Смилевски-Бато во Тетово, патничко возило удрило во велосипед што го управувал 75-годишниот тетовец Р. М. и го напуштило местото. Во несреќата велосипедистот добил тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница. На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.

Continue Reading
Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја

Селекторот потврди – Кварацхелија наскоро заминува од Наполи

Селекторот на фудбалската репрезентација на Грузија, Вили Сањол, по поразот во Ваљадолид од Шпанија (3:1), рече дека фудбалерот на Наполи Хвича Кварацхелија наскоро ќе го напушти клубот од Неапол. Кварацхелија (22) пристигна во Наполи во 2022 година од Динамо Батуми за 12 милиони евра. За тимот од Неапол одигра 58 натпревари и постигна 17 голови. „Кварацхелија игра во врвен клуб. …

Continue Reading

Возило превртено на покрив во Аеродром, жителите бараат улицата да се затвори за сообраќај

Тешка сообраќајна несреќа се случи денеска во скопската населба Аеродром, на улицата Васко Карангелески, во близина на основното училиште „Љубен Лапе“. Според сликите објавени на социјалните мрежи во сообраќајната незгода учествувале две возила, а едното завршило превртено на кров. Полицијата врши увид.

Continue Reading

Левица: Молк за скандалозниот оглас на ,,Бехтел и Енка”

Резултатите на владеењето на предавничката СДС и сецесионистите од ДУИ се крајно погубни во однос на државата и општата добробит. Корпоративната диктатура, која ја официјализираа со европско знаменце за да му се дозволи на Артан Груби да се богати, додека американскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ ги експлоатира работниците со над 70 часа работа неделно, сега на вулгарен начин задира и …

Continue Reading

(Видео) Товарен брод потона во Турција поради силно невреме: едно лице загина, 11 членови на екипажот се исчезнати

Турските спасувачи го пронајдоа телото на еден член на екипажот на товарен брод кој потона крај турскиот брег во Црното Море поради силна бура, соопштија официјални лица. Останатите 11 членови на екипажот се пријавени за исчезнати. Бродот „Кафкаметлер“ под турско знаме потона вчера во близина на пристаништето во градот Ерегли. Министерот за транспорт и инфраструктура Абдулкадир Уралоглу изјави дека бродот …

Continue Reading