Работел од болничкиот кревет, здравствената состојба на актерот Жарко Лаушевиќ се влошила пред три недели
Познатиот актер Жарко Лаушевиќ почина на 63-годишна возраст по кратко и тешко боледување, како што соопшти неговото семејство, а големите здравствени проблеми за актерот започнале кон крајот на август, пишуваат медиумите од соседството. Имено, актерот тогаш поради сериозни проблеми бил хоспитализиран во болницата на Бежанијска Коса, а како што пишува „Курир“ било констатирано дека боледува од рак на белите дробови. …
Continue Reading
Маричиќ: Романија е регионален партнер на Северна Македонија во реализацијата на патот кон ЕУ
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, денес одржа средба со министерката за надворешни работи на Романија Луминица Одобеску која е во работна посета во Северна Македонија. Фокусот на средбата беа билатералните односи, постојаната поддршка на Романија за европската интеграција на Северна Македонија и други актуелни случувања во земјата. Маричиќ ја истакна важноста на пријателската соработка и …
Continue Reading
Пронајдени оружје и муниција при претреси во Битола и Ресен
Претреси во Битола и Ресен, пронајдени оружје и муниција Денеска полициски службеници од СВР Битола, со судски наредби, извршија претреси на повеќе локации во Ресен и Битола, поради сомнение за сторени кривични дела по член 396 од Кривичниот законик. При претрес во домот на К.Р.(41) во с.Штрбово, ресенско, биле пронајдени три пушки, три пиштоли различен калибар и поголемо количество на …
Continue Reading
„ЗЏМ свири ‘Леб и сол’“ – концерт на биг-бенд изведби на композициите на македонските музички великани
На 9 декември, со почеток од 20 часот, во салата на Национаната опера и балет, ќе се одржи концертот на ЗЏМ Биг-бендот, со наслов „ЗЏМ свири ‘Леб и сол’“. На целовечерниот концерт ќе бидат изведени дел од композициите на легендарните „Леб и сол“, со аранжмани адаптирани за биг-бенд изведба, под диригентската палка на Џијан Емин. „Леб и сол“ е бенд …
Continue Reading
Северна Македонија, домаќин на јубилејниот 20-ти Министерски состанок на САД – Јадранската повелба
Министерката за одбрана Славјанка Петровска заедно со помошничката на секретарот за одбрана на САД за меѓународни безбедносни работи, Селест Валандер, повеќе колеги министри за одбрана и високи претставници од земјите членки на САД- Јадранската повелба и земјите – набљудувачи, утре во Скопје на јубилејниот 20-ти Министерски состанок ќе разговараат на повеќе актуелни теми од областа на одбраната, како јакнењето на …
Continue Reading
„Умреа шест бебиња, се грижам и за другите“ – доктор од „Ал-Шифа“ вели дека болницата остана без струја, кислород и вода
Докторот Ахмед Мокалалати денеска изјави дека болницата Ал-Шифа во Газа останала без струја, кислород и вода. Тој рече дека во последните денови починале шест предвремено родени бебиња, наведувајќи дека е загрижен оти и други ќе умрат поради недостатокот на кислород и струја, пренесува Би-би-си. Според него, вчера биле направени само основни операции со лесна седација, а пациентите врескале од болка. …
Continue Reading
Судскиот совет избра осум судии за скопска Апелација
Судскиот совет избра осум судии за Апелацискиот суд Скопје, од кои четворица од кривичната и четворица од граѓанската област. Нови апелациски судии од кривичната област се Габриела Гајдова, Александра Ристевска, Весна Димишкова и Осман Шабани, а од граѓанската област Александар Шопов, Ирена Костадиновска Ангелова, Наталија Донева и Илир Сулејмани. Се работи за прв избор за второстепен суд спроведен врз основа …
Continue Reading
Баерн не се откажува од Палиња
Баерн Минхен не се откажува од големата желба на Томас Тухел, фудбалерот на Фулам Жоао Палиња. Има уште една потврда дека Баерн со сите сили се обидува да го донесе Португалецот, откако минатото лето во последен момент пропадна неговиот трансфер. Сега директорот на Баерн, Кристоф Фројнд потврди дека Португалецот останува цел. „Секако дека Палиња е наша мета и на нашиот …
Continue Reading
Францускиот суд издаде налог за апсење на Башар ал Асад
Францускиот суд денеска издаде налог за апсење на сирискиот претседател Башар ал Асад, под обвинение за употреба на хемиско оружје во 2013 година, пренесе АФП, повикувајќи се на неименувани извори. Во извештајот се наведува дека во врска со наводната употреба на хемиско оружје, издадени се налози за апсење на братот на Асад, Махер Асад, кој е командант на сириската републиканска …
Continue Reading