ФБИ ги заплени телефоните на градоначалникот на Њујорк, истражуваат соработка со Турција

Агентите на ФБИ ги запленија телефоните и електронските уреди на градоначалникот на Њујорк, Ерик Адам, како дел од федералната истрага за финансирањето на неговата кампања. Заплените се поврзани со истрага за корупција за да се утврди дали Адам заговарал со владата и турските граѓани во кампањата за градоначалник на Њујорк во 2021 година. „Во понеделникот вечерта ФБИ му пријде на …

Continue Reading

Макрон: Во бомбардирањето на Газа се убиени деца и цивили, тоа нема никаков легитимитет

Францускиот претседател Емануел Макрон „го повика Израел да ги запре“ бомбардирањата во кои убиваат цивили во Газа, зборувајќи за Би-Би-Си. „Ние страдаме заедно со Израел и ја разбираме нивната желба да се ослободат од тероризмот. Но, „денес всушност се бомбардираат цивили. Под бомбите умираат мали деца, жени и постари лица“. За тоа нема „никакво оправдување“ и „нема легитимитет. Затоа го …

Continue Reading

СЗО: Болниците во Газа се на колена, полни со луѓе кои умираат по ходниците

Здравствениот систем во Појасот Газа е „на колена“, предупреди првиот човек на Светската здравствена организација (СЗО) во Советот за безбедност на ОН, посочувајќи дека половина од 36-те болници во енклавата „воопшто не работат“. „Ситуацијата на теренот е невозможно да се опише: болнички коридори полни со ранети, болни и луѓе кои умираат, полни мртовечници, операции без анестезија, десетици илјади луѓе кои …

Continue Reading

Полицијата во Скопје за еден ден казни над 200 возачи

Секторот за внатрешни работи Скопје вчера продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 258 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 64 санкции, 21 мерка за возење без возачка дозвола, пет санкции за возачи почетници. Изречени се 16 мерки за користење мобилен телефон при возење, 13 санкции за некористење сигурносен …

Continue Reading

Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд

Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне. Локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. На планините на северозапад над околу 2000 мнв врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува засилен ветер од југозападен правец (наместа со брзина над 70 км/час). Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19 степени, јави …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Да се продолжи рокот на комисијата за Онкологија, или власта ќе потврди дека е дел од канцер мафијата

Власта на СДС и ДУИ ако сака да излезе на виделина вистината за Онкологија, треба да го поддржи продолжување на рокот за работа на Анкетната комисија, во спротивно само ќе потврди дека се дел од канцер мафијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение. „Анкетната комисија за скандалот на Клиниката за радиотерапија и онкологија не само што ги потврди сите коруптивно-криминални активности, …

Continue Reading

Седум тенисери суспендирани поради местење натпревари

Седум белгиски тенисери се суспендирани поради местење натпревари, објави Меѓународната агенција за тениски интегритет (ИТИА). ИТИА рече дека играчите признале дека местеле мечеви и дека санкциите се „поврзани со неодамна завршениот криминален случај кој вклучува синдикат за наместени натпревари“ во Белгија. „Соработката меѓу ИТИА и белгиските власти доведе до петгодишна затворска казна за лидерот на синдикатот Григор Саркисјан“, соопшти ИТИА. …

Continue Reading

Николоски: Претседателските и парламентарните избори треба да се одржат заедно, а СДСМ нема ниту еден кредибилен аргумент зошто да се посебно

Во денешното гостување во вестите на Канал 5 Телевизија, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски истакна дека логично е изборите да бидат споени затоа што на Македонија напролет треба да и се случат претседателски и парламентарни избори. „Логично е изборите да бидат споени затоа што на Македонија напролет треба да и се случат и претседателски и парламентарни избори. Максимално еве и …

Continue Reading

Меси го испофали во 2020 година, сега реши да игра за Аргентина

Пабло Мафео (26) реши да го смени спортско државјанство. Фудбалерот кој играше за младинските селекции на Шпанија, реши во сениорската конкуренција да го облече дресот на Аргентина. Аргентинците чекаа потврда дека документацијата ќе биде решена навреме за Мафео да дебитира за нивната репрезентација овој месец. Мафео има право да игра за Аргентина бидејќи неговата мајка е од оваа држава. Мафео …

Continue Reading