Од утре заладување и врнежи

Утре ќе преовладува облачно и посвежо време, а почнувајќи од северните и северозападните делови ќе има повремени врнежи од дожд кои во текот на денот ќе се прошират насекаде. Врнежите локално ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи, а наместа ќе наврнат и над 20 литри на метар квадратен, јавува УХМР. Преодно стабилизирање на времето ќе има во четврток. …

Continue Reading

Бектеши: Мерките даваат резултат, инфлацијата за еден месец преполовена, трошоците за живот за една година намалени за 5,5 пати

„Мерките на Владата даваат резултат. Стапката на инфлација во октомври изнесува 3,5% и е преполовена споредено со претходниот месец кога растот на трошоците за живот изнесуваше 6,6%“, објави на својот Фејсбук профил, министерот за економија Крешник Бектеши, откако Државниот завод за статистика ги објави индексите за трошоци за живот и цени на мало за месец октомври 2023 година. „Трошоците за …

Continue Reading

Пензионерите излегоа на протест за повисоки пензии

Пензионерите излегоа да протестираат за повисоки пензии пред американската амбасада во Скопје, по што продолжија пред владината зграда. Бараат линеарно покачување на пензиите од 5.000 денари како и минимална пензија од 20 илајди денари. Во септември, со редовното усогласување, пензионерите добија зголемување од 5,3 отсто, а минималната пензија во моментов изнесува 13.200 денари. Протести секојдневно има и во други градови …

Continue Reading

Се огласија од Кока Кола за случајот со труење во Хрватска

На социјалните мрежи масовно се шират информации кои ги предупредуваат хрватските граѓани дека некои газирани сокови и одредена флаширана вода се отровни. Наставниот институт за јавно здравје на приморско-горската жупанија утрово потврди дека на анализа пристигнале првите примероци на сокови и минерална вода од кафулињата во Риека, по дојавата дека некои лица пиеле минерална вода од еден производител и се …

Continue Reading

Тимо Вернер го пропушта натпреварот против Црвена звезда

Фудбалерот на Лајпциг, Тимо Вернер, нема да игра против Црвена Звезда во четвртото коло од групата Г во Лигата на шампионите поради инфекција, објави германскиот клуб на социјалните мрежи. Во соопштението се наведува и дека Јусуф Поулсен не го одработил целиот тренинг во понеделникот поради проблем со повреда. Тренерот на Лајпциг, Марко Розе во текот на денот ќе донесе одлука …

Continue Reading

Издадена потерница за членка на руската панк група „Пуси Рајот“

Људмила „Луси“ Штејн, членка на руската панк група „Пуси Рајот“, која побегна во странство, денеска беше барана поради ширење „намерно лажни информации“ за руските вооружени сили. Агенцијата ТАСС објави дека Штејнова ќе биде уапсена веднаш штом ќе влезе во Русија, но нема информации за кои конкретни наводно лажни вести е обвинета. Откако рускиот претседател Владимир Путин нареди влез на војници …

Continue Reading

Приведен криумчар на мигранти за издржување на шестгодишна затворска казна

Вчера вечер околу 23.30 часот на место викано „Ветерско” во Велес, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка го лишиле од слобода 36-годишниот Ќ.Н. од село Сингелиќ, скопско, извести МВР. „Тој бил баран со три централни и две меѓународни потерници за издржување казна затвор од шест години за сторени повеќе кривични дела „криумчарење мигранти“ по член 418 од Кривичниот …

Continue Reading

Приведен тетовец, бил баран со централна потерница

Полициски службеници на СВР Тетово вчера околу 17 часот и 45 минути, во тетовската населба Дреновец, со судска наредба, го привеле 29-годишниот тетовец А.А. Тој бил баран со централна потерница за издржување на двегодишна затворска казна за сторени кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“, извести СВР Тетово. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ во Скопје за издржување на …

Continue Reading

Груевски треба да се врати, но за да се соочи со правдата, смета премиерот Ковачевски

Враќањето на експремиерот Никола Груевски за првиот човек на Владата, Димитар Ковачевски е депласирана тема. Одговарајќи на новинарски прашања Ковачевски рече дека за Груевски е распишана потерница и тој навистина треба да се врати во Македонија, но за да се соочи со правдата во согласност со македонските закони. Премиерот Ковачевски демантира дека бил во било каква комуникација со Заев поврзана …

Continue Reading