(Видео) Ивица Тодориќ за најскапото вештачење во историјата на Хрватска: „Ова е моја победа над победите! Сè им се урна како кула од карти“

Не успеа клучното вештачење во случајот Агрокор. Високиот кривичен суд ја потврди одлуката на Жупанискиот суд во Загреб дека вештачењето на Исмет Камал за полската КПМГ, кое било платено дури 1,3 милиони евра, било незаконско, пренесува порталот 24 сата.хр. Во оваа прилика, хрватскиот бизнисмен Ивица Тодориќ ги покани медиумите да дојдат пред кулата Цибона, каде што даде изјава за одлуката …

Continue Reading

(Видео) Ужас во Романија: Ја претепал својата роднина, па ја полил со бензин и ја запалил, камерите го снимиле хоророт

54-годишна жена почина денеска во болница во Букурешт откако нејзин роднина ја претепал и ја запалил во влез на зграда, јавуваат локалните медиуми. Камерите го снимиле моментот кога 54-годишна жена била брутално претепана од нејзиниот внук, а подоцна и запалена на скалите во блокот каде што живеела. Мажот подоцна бил уапсен од полициските службеници. Целата трагедија е снимена од надзорната …

Continue Reading

Српската опозиција верува во победа на изборите во Белград

Српската опозиција е убедена дека може да победи во Белград на предвремените избори, закажани за 17 декември, и со тоа да ја поткопа моќта на владејачката Српска напредна партија (СНС) на државно ниво, што аналитичарите го гледаат како реална опција. Да потсетиме, претседателот Александар Вучиќ го распушти српскиот парламент и распиша предвремени парламентарни избори за 17 декември, а претходно претседателот …

Continue Reading

Хамас: Израел цели на жени и деца на отворено, на улица

Високи претставници на Хамас одржаа прес-конференција на непозната локација. Во име на Хамас зборува портпаролот Осама Хамдан. Тој прво се осврна на неодамнешните тврдења на портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ), Даниел Хагари, кој рече дека Хамас складира оружје под болницата Шеик Хамад. Тој го негираше ова и рече дека Хамас не ги користел дупките за кои Израел тврди дека …

Continue Reading

Милијардер бара двајца инфлуенсери на кои ќе им плати за да поминат една година на Карибите

Американските медиуми јавуваат за понудата на анонимен милијардер, кој бара станари за својот рајски остров на Карибите. Приказната оди приближно вака: ако сте млади, убави и подготвени да живеете во тропски рај една година, тој ќе ви плати 185.000 долари за тоа. Мистериозен милијардер на среќната двојка ѝ нуди 185.000 долари за да помине една година на неговиот приватен остров …

Continue Reading

Шеф на албанска банда: Не го ограбив Меси затоа што го почитувам

Кражбите во куќи на фудбалери станаа тренд. Најновата жртва на разбојниците беше Серхио Рамос, а еден од криминалците кои се занимаваат токму со такви работи даде интервју за шпанскиот весник „Ел Еспањол“. Станува збор за водач на албанска банда познат само по името Алберто. Се вели дека Алберто е главниот човек на групата која брои преку стотина криминалци. „Го ограбивме …

Continue Reading

Иранскиот претседател оди во посета на Саудиска Арабија

Претседателот на Иран следната недела ќе ја посети Саудиска Арабија. Ебрахим Раиси ќе учествува на самитот на Организацијата за исламска соработка, објави иранскиот сајт Етемад. ОИС е организација од 57 земји-членки која себеси се нарекува „колективен глас на муслиманскиот свет“. Во текот на изминатата година, Иран и Саудиска Арабија повторно ги воспоставија односите по долгогодишно непријателство што ја загрозуваше регионалната …

Continue Reading

Белгискиот премиер: Ова што се случува во Газа веќе не е пропорционално

Белгискиот премиер Александар Де Кро рече дека „она што се случува денес во Газа повеќе не е пропорционално“. Тој ја нагласи осудата на белгиската влада за масакрот на 7 октомври од страна на Хамас и правото на Израел да се брани. „Ако некој бомбардира цел бегалски камп со намера да елиминира еден терорист, тогаш мислам дека тоа повеќе не е …

Continue Reading

Костадиновска-Стојчевска за јубилејот на Конзерваторски центар – Скопје: 60 децении чувар во заштитата на културното наследство

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска присуствуваше на одбележувањето на 60-годишниот јубилеј од постоењето и успешно работење на Националната установа Конзерваторски центар – Скопје. Честитајќи го јубилејот, Костадиновска-Стојчевска истакна дека иако станува збор за навидум мала национална установа, Конзерваторскиот центар – Скопје се грижи за голем број споменици кои се белег на нашиот главен град, со богата историја. „Професионалците од …

Continue Reading