Закани со бомби во Аргентина: Евакуирани амбасадите на САД и Израел

Американската и израелската амбасада во Аргентина денеска се евакуирани по заканите за бомби, јавуваат локалните медиуми. Амбасадите добиле закани преку електронска пошта, пренесуваат медиумите. На терен се надлежните служби. Медиумите потсетуваат дека синоќа во Истанбул демонстрантите се обидоа да упаднат во зградата на израелскиот конзулат при што беа повредени 63 лица, меѓу кои 43 полицајци. Пренесуваат дека стотици демонстранти се …

Continue Reading

Си ја отвори конференцијата „Појас и пат“, некои ја напуштија салата за време на говорот на Путин

Големиот кинескиот инфраструктурен проект познат како „Појас и пат“ се движи во „добра насока“ и покрај меѓународните тензии и конфликти, изјави денеска кинескиот претседател Си Џинпинг. Проектот е во „добра насока напред“, рече Си во Пекинг при отворањето на третата конференција „Појас и пат“. Тој додаде дека земјите во развој имаат корист од проектот започнат пред десет години. „Во светот …

Continue Reading

Во Австрија подигнато нивото на закана од тероризам

Поради неодамнешната ескалација на конфликтите на Блискиот Исток и терористичките напади во Франција и Белгија, властите во Австрија заклучија дека во Австрија постои „конкретна закана и зголемен ризик од напад“. Како што соопшти министерот за внатрешни работи Герхард Карнер (ÖVP), тревогата за тероризам ќе биде подигната на второто највисоко ниво – портокалово, пишува „Index.hr“. Последен пат ова ниво на терористичка …

Continue Reading

Промоција на поштенска марка по повод 30 години од воспоставување на дипломатски односи Македонија – Италија

Денес во Скопје беше промовирана поштенската марка по повод 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Италија и Северна Македонија, издадена од А.Д. Пошта на Северна Македонија, на иницијатива на Амбасадата на Италија во Скопје, благодарение и на поддршката од македонското Министерство за надворешни работи. „Сигурен сум дека овој значаен јубилеј ќе даде дополнителен поттик за зајакнување на одличните односи …

Continue Reading

Кадиров до Израел: „Размислете пред да ја направите најфаталната грешка во историјата“

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров го повика Израел да ја запре ескалацијата на конфликтот со Палестина и да размисли двапати пред да ги испровоцира муслиманите ширум светот да се одмаздат. „Ако израелскиот режим мисли дека Палестина е сама и дека можат да прават што сакаат со неа, тие се во сериозна грешка“, рече Кадиров во објавата на неговиот канал Телеграм. „Не …

Continue Reading

И дал 1.500 денари на заем но и го земал мобилниот како гаранција, подоцна ја условувал со 6.000 денари: кривична за радовишанец

ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против Ј.У. од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,лихварство’’. Во септември 2023 година, на жена од Радовиш пријавениот ѝ дал 1.500 денари на заем, а за возврат барал да му врати 2.500 денари. Додека, пак, како гаранција дека парите ќе бидат вратени ѝ го зел нејзиниот мобилен телефон. Откако го …

Continue Reading

„Сите сме губитници“: Директорката на болницата во Газа бара да заврши војната

По разорната експлозија, директорката на болницата „Ал Ахли“ во Газа упати итен и емотивен апел да се стави крај на последната војна меѓу Хамас и Израел. Во телефонски разговор за АП, Сухаила Тарази рече дека грозоморните сцени по експлозијата „се различни од она што таа некогаш го видела и што можела да го замисли“. Таа не била во болницата во …

Continue Reading

Се скарале, па со возилото сакал да го удри неговиот сограѓанин: кривична за стружанец

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Б.Д.(42) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. Имено, на 07.10.2023 на улица „Јабланичка“, по претходна расправија, пријавениот со патничко возило се обидел да го удри В.Т.(37) од Струга, кој управувал мотоцикл.

Continue Reading

Семејство од Скопје затруено со домашна храна

Вчера во 12.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, од Клиниката за токсикологија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека на 15.10.2023 кај нив за укажување лекарска помош биле донесени Ц.С.(79), Ѓ.С.(55) и Д.Ќ.(47), сите од Скопје, затруени од домашна храна која била направена во нивниот семеен дом во Скопје. Лицата биле задржани за понатамошно лекување. Се преземаат мерки …

Continue Reading