Турција преговара со Хамас за ослободување на странци, цивили и деца
Турција е во преговори со палестинската милитантна група Хамас за ослободување на странци, цивили и деца кои таа група ги држи како заложници, изјави денеска министерот за надворешни работи Хакан Фидан. Ројтерс објави дека извор од Министерството за надворешни работи рекол дека Фидан се сретнал со лидерот на Хамас Исмаил Ханије во понеделникот за да разговараат за ова прашање.
Continue Reading
Макрон: Исламскиот тероризам се врати, сите европски земји се ранливи
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека Европа се соочува со обновување на исламскиот тероризам и дека „сите европски земји се ранливи“, пренесува Танјуг. „Вчера повторно го видовме тоа во Брисел, сите европски земји се ранливи“, рече Макрон. Тој рече дека има „извесно враќање на исламскиот тероризам“, пренесува „ТВ БФМ“. Макрон изрази солидарност со Белгија, каде вчера напаѓач, по потекло …
Continue Reading
Тренчевска: „Црвен Крст“ – наши верни партнери во грижата и хуманоста
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска беше дел од говорниците кои ја отворија промоцијата на Развојната рамка на Црвен крст на РСМ “Трансформација – 28”. Воедно Тренчевска беше дел и од панел дискусијата “Градење на здраво и безбедно општество и потребата од ефикасно мобилизирање на ресурси за одговор на современите хуманитарни предизвици”. Тренчевска на панел дискусијата зборуваше за …
Continue Reading
Швеѓаните вознемирени: Плачевме, каде оди овој свет
Светот во понеделникот вечерта го потресе трагедијата што се случи во Брисел. Виктор Линделоф, капитенот на шведската репрезентација на полувремето побарал мечот со Белгија да не продолжи. Натпреварот од групата Ф во квалификациите за ЕП 2024 меѓу репрезентациите на Белгија и Шведска беше прекинат на полувремето откако во терористички напад во Брисел загинаа двајца шведски навивачи. Одлуката за прекин на …
Continue Reading
Уапсен Палестинец на „Долно Блаце“, на увид дал фалсификуван австралиски пасош
Вчера во 09.15 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“, полициски службеници привеле едно лице затоа што при контрола и проверка било констатирано дека австралиската патна исправа, која ја дал на увид, била фалсификувана, извести МВР. – Со него бил извршен службен разговор и било утврдено дека бил од Палестина и кај него не бил пронајден никаков друг документ, соопшти МВР. …
Continue Reading
Спасовски за германски весник: Бегалски кампови во државата нема да има додека не станеме членка на ЕУ
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за германскиот дневен весник „Neue OZ“ одговарајќи на прашањето зошто е потребна поддршка од европската агенција Фронтекс во делот на управувањето со границите, истакна: „Северна Македонија се наоѓа на многу посебна географска положба. Мигрантите патуваат од Грција, ЕУ држава, низ земја која не е членка на ЕУ, а потоа повторно влегуваат во …
Continue Reading
Османи за можно одвојување на Македонија од Албанија на патот кон ЕУ: Треба да прашате во ВМРО-ДПМНЕ
Министерот за надворешни работи Бујар Османи смета дека Франција е недвомислена во поддршката на Македонија и Албанија кон нивниот евроинтегративен пат. На прашањето дали е можно да дојде до одвојување на тој пат, по изјавата на претседателот на Франција, Емануел Макрон кој во Тирана прецизираше дека неговата земја ќе ја поддржи Албанија во процесот на европска интеграција, Османи со одговор: …
Continue Reading
Герасимовски: Доделивме стипендии за 8 ученици од социјален ризик во нашите училишта
Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, додели 8 стипендии за учебната 2023/2024 година на ученици од семејства со висок социјален ризик, кои учат во основните училишта во општината. „Преку доделувањето на овие стипендии Општина Центар и јас како нејзин градоначалник сакаме да ви дадеме поголема мотивација за учење и постигнување високи резултати. Нека овие стипендии ве поттикнат да продолжите со …
Continue Reading
Убиецот од Брисел загинал во престрелка со полицијата
Напаѓачот, кој во понеделникот вечерта во Брисел уби две и рани едно лице, бил застрелан во предградието на тој град, додека седел во кафуле, а министерот за внатрешни работи не ја исклучи можноста да има помагачи. По дојава, белгиската полиција дошла во кафулето во Чербек каде седел напаѓачот Абдесалем Ласуед од Тунис и во таа прилика дошло вооружена пресметка, во …
Continue Reading