Шефот на иранската дипломатија: САД треба да го контролираат Израел ако сакаат да избегнат војна во регионот

Соединетите Американски Држави (САД) „мора да го контролираат Израел“ доколку сакаат да избегнат војна во регионот, изјави шефот на иранската дипломатија Хосеин Амир-Абдолахиан за време на посетата на Бејрут. „Америка сака да му дозволи на Израел да ја уништи Газа и тоа е голема грешка. Ако Американците сакаат да спречат војна во регионот, мора да го контролираат Израел“, изјави иранскиот …

Continue Reading

Галтие на клупата на катарски Ал Духаил

Поранешниот тренер на ПСЖ, Кристоф Галтие, потпиша договор со катарскиот шампион Ал Духаил, објави денеска клубот од Доха. Францускиот 57-годишен стратег доаѓа на местото на поранешниот аргентински репрезентативец Ернан Креспо, кој минатата сезона ја освои шампионската титула со Ал Духаил. Катарскиот клуб е петтиот во тренерската кариера на Галтие, кој досега ги предводеше Сент Етијен (2009-2017), Лил (2017 – 2021), …

Continue Reading

Герасимовски: Започнува реконструкција на улицата „Столтенбергова” пред Градскиот стадион

Како резултат од меѓуопштинската соработка со Градот Скопје денеска започна реконструкција на улицата „Столтенбергова“ која ги поврзува Градскиот парк, Градскиот стадион и кејот на реката Вардар. Градежните зафати на кои работи ЈП „Улици и патишта“ се одвиваат на потегот пред градскиот стадион каде е вградена камена коцка односно калдрма која со реконструкцијата ќе биде отстранета и на чие место ќе …

Continue Reading

Лукашенко: Западот се уште не се откажува од обидите да ја разбие и потчини Заедницата на независни држави

Западот не се откажува од обидите да ги „разбие во сите правци“ земјите-членки на Заедницата на независни држави, да ги ослабне и да ги потчини на нивните интереси, изјави белорускиот претседател Александар Лукашенко. „Ќе ве потсетам дека главната цел на создавањето на Заедницата беше да не се дозволи прекин на врските по распадот на Советскиот Сојуз. Тоа не им одговараше …

Continue Reading

СЗО: Наредбата за евакуација на Израел е смртна казна за ранливите пациенти

Светската здравствена организација (СЗО) рече дека барањето од ранливите пациенти да се евакуираат од болницата во Газа е „смртна казна“, а шефот на организацијата го повика Израел да ја повлече својата одлука за евакуација. СЗО соопшти дека локалните здравствени власти во Газа ја информирале дека е невозможно да се евакуираат ранливите болнички пациенти од северниот дел на Газа, откако израелската …

Continue Reading

Приведен маж од гостиварско, го нарушил јавниот ред и бил агресивен со полицајците

Ноќеска околу 5 часот и 5 минути на улица „Илинденска“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го привеле 56-годишниот В.Д. од гостиварско Тумчевиште затоа што го нарушил јавниот ред и мир и се однесувал агресивно кон нив додека вршеле службени дејствија, извести СВР Тетово. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен …

Continue Reading

Борел во Пекинг: Нарушена довербата меѓу Кина и ЕУ

Шефот на европската дипломатија, Жосеп Борел, во Пекинг изјави дека е „нарушена“ меѓусебната доверба меѓу Европската унија (ЕУ) и Кина. „Довербата е основа на секој човечки однос, а меѓусебната доверба (на Кина и ЕУ) е нарушена“, рече Борел во говорот на престижниот универзитет во Пекинг. Европскиот функционер додаде дека треба да се работи на враќање на истата. Борел, исто така, …

Continue Reading
Приведен крадец во Кичево, вршел тешки кражби во станови и куќи

Приведен скопјанец за издржување на двегодишна затворска казна

Вчера попладне во 16.05 часот на улица „Финска“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода 21-годишниот Х.Д. од Скопје, извести МВР. – Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член …

Continue Reading

МЗШВ до младите земјоделци: Во тек е јавниот повик за поддршка во започнување на земјоделска дејност

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги потсетува младите земјоделци дека до 15 октомври е активен јавниот повик за мерката 112 од програмата за Рурален развој за 2023 година, за поддршка на млад земјоделец, распишан од страна на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој – АФПЗРР. Мерката 112 – се однесува на помош на младите земјоделци за …

Continue Reading