Азербејџан: Го уапсивме поранешниот лидер на Нагорно Карабах

Азербејџанските власти објавија дека го уапсиле поранешниот водач на Нагорно-Карабах, Рубен Вардањан, кој се обидувал да замине за Ерменија, една недела по брзата офанзива на Азербејџан врз регионот на Кавказ. Вардањан, бизнисмен кој ја водеше сепаратистичката влада во енклавата од ноември минатата година до февруари оваа година, е уапсен, соопшти националната гранична служба, но не прецизираше за што се товари. …

Continue Reading

Форумот на министрите за економија од Берлинскиот процес ја зајакнува посветеноста на создавањето Заеднички регионален пазар

– Министрите за економија од Берлинскиот процес, претставници на Европската Унија и останатите партнери повикаа на брза имплементација на активностите за создавање Заеднички регионален пазар, од страна на економиите на Западен Балкан, кои целат кон носење на конкретни и директни бенефити за компаниите и граѓаните од регионот. Тоа е особено релевантно во светлината на новиот План за раст на регионот, …

Continue Reading

Администрацијата на јавните обвинителства штрајкува за повисоки плати

Администрацијата на јавните обвинителства штрајкува за повисоки плати. Бараат зголемување на месечните примања за 78 проценти и враќање на додатоците на плата во висина од 35 отсто. Штрајкот, како што е објавено, ќе се спроведува во сите 28 обвинителства на територијата на државата и ќе трае се до исполнување на нивните барања. За време на штрајкот ќе се извршуваат единствено …

Continue Reading

Најдобрите кадри ги правам кога снимам со камера од рака, вели Лустиг – кинематограферот на Вим Вендерс

Филмот „Совршени денови“ на Вим Вендерс беше синоќа беше прикажан во рамките на официјалната селекција Камера 300 на ИФФК „Браќа Манаки“, а кинематограферот на филмот Франц Лустиг денес одговараше на новинарски прашања и откри детали за работата на филмот, изборот на локациите. -Снимав со камера од рака бидејќи така ги правам најдобрите кадри. Сметам дека статичната камера го губи контактот …

Continue Reading

Пукано кон маж на улица во Ѓорче Петров, МВР со детали за настанот

Доцна по полноќ, на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, две лица пукале кон А.В.(31) и му нанеле прострелна рана. Од пукањето, како што соопшти МВР, било оштетено и едно паркирано возило „цитроен“. „А.В. бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување помош, а увид на местото извршила екипа на СВР Скопје“, велат од МВР. Се преземаат мерки …

Continue Reading

Наставничка натепала ученик во Берово

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Г.(60) од с.Смојмирово, беровско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на малолетно дете“. „На 07.06.2023 пријавената, наставник во основно училиште во Берово, во просториите на училиштето во работно време, вербално и физички нападнала малолетник“, велат од МВР.

Continue Reading

Во Македонија најден Французин кој бил пријавен за исчезнат

Полицијата и припадниците на ФРОНТЕКС пронајдоа 21-годишен Французин кој бил пријавен во својата држава за исчезнат. Според информациите од МВР,  момчето било затекнато при илегален влез на територија на земјава и дало лажен исказ за личните податоци. Сепак, по дополнителни проверки, како што информираат од полицијата, добиена е потврда од француските власти дека станува збор за С.И., француски државјанин, кој во …

Continue Reading

Лица од Таџикистан и Пакистан се тепале во Тетово

Полицијата ги привеле М.Ф.(23) и А.Ш.(19) од Таџикистан и И.Т.(20) од Пакистан, кои биле пријавени дека околу 10.00 часот, во кругот на Универзитетот на Југоисточна Европа, меѓусебно физички се пресметувале. Во пресметката, според пријавеното, учествувал и Х.Т.(21) од Пакистан, кој се здобил со повреди и бил пренесен во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош. По целосно документирање на …

Continue Reading

Кривична за маж што со автоматска пушка пукал на свадба

Полицијата поднесе кривична пријава против Б.Д.(24) од селото Долно Јаболчиште, општина Чашка, поради предизвикување општа опасност. „На 11 септември на свадбена веселба село Горно Јаболчиште, пријавениот од автоматска пушка испукал повеќе куршуми, за што била пуштена снимка на социјалната мрежа Фејсбук“, велат од МВР.

Continue Reading