Ден на жалост е оти загинатите се граѓани на Србија, рече Вучиќ откако Еди Рама побара осуда од ЕУ

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, гостуваше на РТС и рече дека во Србија е прогласен ден на жалост за сите загинати во настаните во Бањска и ги коментираше изјавите на Еди Рама за ситуацијата во Косово. „Србија го одреди Денот на жалост поради трагични настани, поради смртта на сите луѓе. Од гледна точка на Уставот, сите се граѓани на нашата држава. …

Continue Reading

(Видео) Нови поплави во Грција: Евија поплавена – граѓаните на Лариса добија наредба итно да се евакуираат

Нов бран на лошо време денеска го зафати централниот дел на Грција. Силниот дожд оштети патишта, поплави села и предизвика поројни поплави кои носеа се’ пред себе на островот Евија. Патиштата беа уништени и претворени во порои, додека количеството кал што се симна од планините и заврши во морето ја промени бојата на водата. Во селото Ровија отсечени се патиштата …

Continue Reading

НАСА ја отвори сондата со примерок од опасниот астероид

Сондата со примероци од астероидот Бену слета на Земјата во неделата, а вчера научниците на НАСА го отворија материјалот од тоа далечно небесно тело. Експертите од институтот Johnson Space Center (JSC) во Хјустон го подигнаа надворешниот капак и со ентузијазам погледнаа што има таму. „Научниците беа воодушевени кога го подигнаа капакот. Внатре во него пронајдоа темна прашина и честички со …

Continue Reading

(Видео) Барса, Реал, Атлетико – сите гледаат во грбот на Џирона

Фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа тимот на Лас Палмас во седмото коло од шпанската Примера, ја скокнаа Барселона на табелата, но не и најголемото изнанедување во Примера, екипата на Џирона. Џирона, прв пат во клупската историја е лидер во најсилната шпанска конкуренција. Екипата од Каталонија во првите седум кола од можните 21, освои 19 бода. По ремито во првото …

Continue Reading

Обвинителството не било консултирано, но мора да ги применува измените на кривичниот законик, вели Јовески

Државниот обвинител Љубомир Јовески, вели дека Обвинителството не било консултирано за измените во Кривичниот законик, но се донесени во Собранието во законска процедура, па должност на Обвинителството и другите правосудни институции е да ги почитуваат. Јовески кажа дека за обвинителите не е сеедно што предмети во кои бил вложен голем труд, сега со измените се наоѓаат пред застарување. Рече дека …

Continue Reading

Русија ја повика Бугарија да ја преиспита својата одлука за предавање на ракетите С-300 на Киев

Руската Федерална служба за воено-техничка соработка ја повика Бугарија да ја преиспита одлуката за испраќање оружје во Украина, за да не дозволи кршење на меѓународното право, пренесува ТАСС, цитирана од БТА. „Пренесувањето од Бугарија во Украина на ракети ќе доведе до ескалација на конфликтот и до невини човечки жртви“, се вели во соопштението на руската федерална служба. Руската Федерална служба …

Continue Reading

Бугарија ќе и’ донира на Украина неисправни советски ракети С-300

Бугарскиот парламент денеска одлучи да ѝ донира ракети С-300 од советската ера на Украина, откако претходно го одобри испраќањето оклопни возила, потврдувајќи ја промената во политиката за помош на Киев. „Станува збор за неисправни ракети земја-воздух С-300 кои Бугарија не може да ги поправи, но може да ги користи украинската армија“, изјави претседателот на Одборот за одбрана, Христо Гаџев, не …

Continue Reading

Рама: Ако ЕУ не излезе со ново соопштение за нападите во Бањска, не сме на иста страна со нив

Албанскиот премиер, Еди Рама, ја повика Европската унија да излезе со уште една изјава и да го осуди денот на жалост кој Србија го објави поради трагичните настани во Косово или „нема да биде на иста линија со неа“. На прес-конференција со министерот за надворешни работи на Италија, Антонио Тајани, во Рим, каде што е во официјална посета, тој рече …

Continue Reading

Американски војник протеран од Северна Кореја е во американски притвор

Американскиот војник, Тревис Кинг, е во американски притвор откако беше протеран од Северна Кореја, соопштија официјалните лица, пренесува „Би-би-си“. Кинг, 23-годишен експерт за разузнавање, илегално преминал во Северна Кореја во јули. Севернокорејските медиуми наведуваат дека тој побегнал поради „нехуман третман“ и расизам во американската војска. Не се познати неговата состојба и деталите за неговото затворање во Северна Кореја. Пјонгјанг одлучи …

Continue Reading