Никој не дојде во градинката за аутистичното девојче (6) – случај што го вознемири регионот

Хрватска и регионот се згрозени од драматичната приказна за шестгодишното девојче кое било одбиено од сите згрижувачки семејства и 31 дом, откако никој не дошол да ја земе во градинка. За среќа, нејзината судбина повеќе не е неизвесна откако психологот Валерија Кангера апелираше до јавноста преку социјалните мрежи. Приказната за прв пат ја презентираше порталот „Индекс“, истакнувајќи го повеќедецениското искуство …

Continue Reading

Костадиновска-Стојчевска: Европскиот ден на јазиците е ден и на македонскиот јазик како еден од европските

По повод 26 септември, европскиот ден на јазиците, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска порача дека „европскиот ден на јазиците е ден и на македонскиот јазик како еден од европските“. „Јазик преку кој во европската култура, наследство и традиција се вградени делата на нашата фолклорна традиција, но и на нашиот современ македонски израз. Со македонскиот јазик со Европа ги сооделивме и …

Continue Reading

Спасовски: Инцидентите на Косово го засегаат целиот регион, безбедносната состојба во Македонија е под контрола

Безбедносната состојба во Македонија е под контрола, по настаните во Косово, но инцидентите го засегаат целиот регион, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за српска „Политика“. „Инцидентите на северот од Косово секако дека го засегаат соседството, односно целиот регион, но безбедносните служби будно ја следат ситуацијата, собираат информации и се прави редовна анализа. Засега безбедносната ситуација во …

Continue Reading

Бектеши од Тирана: Македонија е целосно посветена на зајакнување на регионалната соработка преку отстранување на сите бариери

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска во Тирана учествуваше и се обрати на Форумот на министри за економија насловен „Заеднички регионален пазар – чекор кон единствен пазар на ЕУ“ кој се одржува во рамки на Берлинскиот процес. Тој во своето обраќање на бизнис форумот насловен „Предизвици и потенцијали на заедничкиот регионален пазар- патот кон единствен пазар преку забрзана интеграција“ истакна …

Continue Reading
Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја

Милвоки сака да го донесе Лилард

Кошаркарот на Портланд, Демиен Лилард би можел да ја продолжи кариерата во Милвоки. Шпекулациите за неговиот трејд продолжуваат, а она што секој ден станува се појасно е дека Лилард е се подалеку од Мајами. Тимот од Флорида во еден момент беше единствената опција за искусниот плејмејкер, но засега на адресата на Портланд не пристигнала задоволителна понуда. Според инсајдерот во НБА, …

Continue Reading

Силни експлозии во згради во Шведска, има повредени

Најмалку три лица се повредени при две силни експлозии во две станбени згради во Шведска. Првата експлозија се случи доцна синоќа во Хаселби, предградие на Стокхолм, а втората денеска во Линкопинг, на околу 175 километри југозападно од Хаселби. Во експлозиите се оштетени фасадите и прозорците на зградите, пренесе АП. „Шведско радио“ објави дека експлозијата во Линкопинг е поврзана со конфликти …

Continue Reading

На петмина Бугари им се суди во Велика Британија под обвинение за шпионажа за Русија

Петмина бугарски државјани кои живеат во Британија денеска ќе се појават во Вестминстерскиот суд во центарот на Лондон, каде ќе бидат обвинети за шпионажа за Русија. Орлин Русев (45) од Грејт Јармут, Норфолк, Бисер Џамбазов (41) и Кетрин Иванова (31), двајцата од Хароу, западен Лондон, Иван Стојанов (31) од Гринфорд, западен Лондон и 29-годишната Вања Габерова, од Черчвеј, северозападен Лондон, …

Continue Reading

Медведев: Последните случувања со Украина не оставаат други опции освен директен конфликт со НАТО

Последните конфликти со Украина не оставаат многу, други опции освен директен конфликт со НАТО, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев. На својот канал Телеграм, тој се осврна на неодамнешниот скандал во канадскиот парламент, како и испораката на тенкови Абрамс од арсеналот на НАТО во Украина и ветувањето за проектили со долг дострел, пренесуваат локалните медиуми. Во …

Continue Reading

Најмалку три недели пауза за Де Јонг

Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг ќе отсуствува најмалку три недели поради повреда на зглобот, потврди тренерот Чави. Холанѓанецот го напушти теренот против Селта по 30 минути игра во првото полувреме. До тој момент тој ја одигра секоја минута во Примера. „Ова е голем хендикеп за нас“, рече Чави и додаде: „Френки е клучен за нашата игра, …

Continue Reading