ОН далеку од целта да нема глад во 2030 година: Светот денес е погладен отколку во 2015 година
Глобалната глад денес е поголема отколку во 2015 година, се наведува во последниот извештај на ОН, а светот е далеку од исполнување на амбициозната цел на Обединетите нации за ставање крај на гладот до 2030 година. На половина од крајниот рок поставен за исполнување на целите на Агендата за одржлив развој до 2030 година, има мало или никакво подобрување кај …
Continue Reading
Еден Американец и двајца Руси со руско летало заминаа на МВС во вселената
Еден Американец и двајца Руси полетаа со руско летало од космодромот Бајконур во Казахстан до Меѓународната вселенска станица. Станува збор за астронаутот на НАСА Лорал О’Хара и космонаутите на Рокосмос Олег Кононенко и Николај Чуб. О’Хара ќе помине шест месеци на станицата, а Кононенко и Чуб ќе останат таму една година. Тројцата космонаути требаше да заминат во вселенската станица минатата …
Continue Reading
Превентивни активности на МВР за заштита од пожари и побезбеден сообраќај
Полициски службеници од Секторите за внатрешни работи Битола, Штип и Велес во текот на вчерашниот ден (15.09.) на подрачјата под нивна надлежност реализираа превентивни активности од повеќе области. Притоа, во рамки на СВР Битола, поточно ОВР Македонски Брод, полициски службеници за превенција вчерашниот ден го посветија на активности од областа на безбедноста во сообраќајот, пред се наменети за децата од …
Continue Reading
Аеромитинг на Стенковец по повод 100 години македонска авијација
На спортскиот аеродром во скопски Стенковец, денеска ќе се одржи голем аеромитинг по повод одбележување на јубилејот „100 години македонска авијација“, за чиј почеток се смета основањето на Аероклубот Скопје во далечната 1923 година. Како што информираат од аероклубот во Стенковец, за настанот на кој ќе присуствуваат владини претставници и гости од земјата и регионот, подготвена е богата програма во …
Continue Reading
Прекин на сообраќајот Велес – Градско поради асфалтирање
Поради асфалтирање на регионалниот пат Р1102 Велес – Градско (стариот пат), сообраќајот ќе биде во прекин на 14.09., 15.09., 16.09. и 18.09. во периодот од 08:00 до 18:00 часот, информираат од АМСМ. Инаку, сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од …
Continue Reading
Захарова: Северна Македонија протера руски дипломати без објаснување, тоа нема да остане без одговор
Властите на Северна Македонија, на 12 септември, без објаснување на причините, прогласија тројца дипломати на Руската Амбасада во Скопје за „персона нон грата“, објави на социјалните мрежи, портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова. Таа овој потег го оцени како неодговорен и непријателски чекор на властите на Северна Македонија и рече дека нема да остане без одговор. …
Continue Reading
Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено во попладневните часови. Претежно во источните делови процесите локално ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен. …
Continue Reading