Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно

Времето-денеска-променливо-облачно-со-сончеви-периоди-попладне-нестабилно.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено во попладневните часови. Претежно во источните делови процесите локално ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер и појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен. Индексот на ултравиолетово зрачење ќе биде 5.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне во делови од котлината нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 29 степени.

Според прогнозата на УХМР, и во недела времето ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, на места со поинтензивни процеси во форма на невреме со силен ветер и појава на град.

Потоа следува сончево и топло време со мала до умерена облачност, попладне со изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK