Тома Георгиевски од школата Њу Старс потпиша за Џенова

Еден од најголемите македонски фудбалски таленти, Тома Георгиевски, кариерата ја продолжува во италијанскиот клуб Џенова. 16-годишниот Георгиевски, кој е производ на фудбалската школа Њу Старс од Скопје, стави потпис со Џенова. „Тома ја започна својата фудбалска кариера на 6-годишна возраст во фудбалскиот клуб Њу Старс, каде ги направи првите чекори на фудбалскиот терен. Заедно со своите соиграчи, уште од детската …

Continue Reading

Уапсени над 230 лица во Албанија: Делеле дрога во близина на училишта

Властите во Албанија уапсија 233 лица во рамки на акцијата против дистрибуција на дрога. Според нивните изјави, се трага по уште 82 лица. Истиот ден беа одобрени решенија за претрес на 356 објекти, пренесуваат медиумите во регионот. Според директорот на државната полиција, Мухамет Румбулаку, во рамките на оваа акција биле погодени 23 криминални групи. „Дваесет и три криминални групи кои …

Continue Reading

Уапсени тројца играчи на Реал Мадрид

Голем скандал ја тресе Шпанија и славниот „кралски клуб“, бидејќи протече информацијата дека се уапсени тројца фудбалери на Реал Мадрид. Како што пренесува „Ел Конфиденсијал“, тројца неименувани играчи се во полиција бидејќи се обвинети дека споделиле сексуално видео со малолетна девојка. Тие на 6. септември биле пријавени на Канарските острови од мајката на малолетната девојка, а овој четврток биле ставени …

Continue Reading

Легионерската болест однесе 23 животи во Полска: се бара изворот на инфекцијата

Во Полска до 11 септември се пријавени вкупно 23 смртни случаи поврзани со легионерска болест, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО). Пријавени се вкупно 166 случаи на оваа болест, соопшти СЗО, додавајќи дека од 7 септември не е регистриран ниту еден нов случај, пренесе Ројтерс. Легионерската болест, предизвикана од бактеријата Легионела, може да доведе до тешка форма на пневмонија. Според …

Continue Reading

Русија протера двајца американски дипломати поради шпионажа

Руското Министерство за надворешни работи прогласи двајца американски дипломати за персона нон грата и им нареди да ја напуштат земјата во рок од седум дена поради нивната наводна вмешаност во „незаконски активности“. Министерството во соопштението наведува дека првиот секретар во американската амбасада во Русија, Џефри Силин и вториот секретар Дејвид Бернштајн „одржувале контакт“ со поранешниот вработен во американскиот конзулат во …

Continue Reading

Хаос во пицерија во Белград: Колешка со нож го бркала нејзиниот колега, тој ја удрил во глава

Во позната белградска пицерија вчера околу 12 часот дошло до расправија меѓу вработениот Ѓ. Ѓ. (49) и вработената Д.Х.(46), која прераснала во тепачка. Според „Телеграф“, конфликтот настанал околу испораката на храна, а Ѓ. Ѓ. потоа ја нападнал Д.Х. Вработената извадила нож од кујната и се обидела да го прободе нејзиниот колега, а потоа тој ја удирал по главата и телото …

Continue Reading

Проф. Трајковски: Оваа вест помина незабележано, но таа претставува вест на деценијата

Оваа вест помина незабележано, но таа претставува вест на деценијата: владата донела одлука за изградба на реверзибилната ХЕЦ „Чебрен“, со инсталирана моќност од 333 MW. Од порано предвидените 500 милиони евра (извор: ЕСМ), цената достигнала една милијарда евра, но барем работите конечно ќе тргнат од мртва точка. Да се потсетиме, во 2026 година треба да престане со работа на јаглен …

Continue Reading

Пушки и ракавица од вселенски костум: Путин и Ким си разменија подароци

Рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун на крајот од средбата разменија подароци, вклучувајќи пушки и ракавица од вселенски костум, изјави денеска за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Путин му подари на лидерот на Северна Кореја ракавица од вселенски костум кој бил неколку пати во вселената и пушка од домашно производство со највисок квалитет“, изјави претставник на …

Continue Reading

Спасовски-Марин Лопез: Континуираната соработка е од големо значење за креирање услови за модерно полициско работење

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на покана на Агенцијата на Европската Унија за обуки за спроведување на законот (ЦЕПОЛ), оствари средба со директорката на ЦЕПОЛ, Мариа Монтсерат Марин Лопез, а во рамки на Берлинскиот процес, што се одржува во Тирана, Република Албанија. Двајцата соговорници се согласија дека соработката меѓу МВР и ЦЕПОЛ е континуирана и од големо значење за …

Continue Reading