Две скопјанки искасани од кучиња скитници
Вчера попладне во 16.45 часот во Полициската станица Кисела Вода, 20-годишната И.Б. од Скопје пријавила дека на улица „Пушкинова“ била касната од куче скитник, извести МВР. Истиот ден во 14.00 часот во Полициската станица Карпош, 64-годишната Ф.С. од Скопје пријавила дека во населба Влае во Скопје била касната од куче скитник, додадоа од МВР.
Continue Reading
Кривична против државјанин од Косово, приложил фалсификувана возачка на „Деве Баир“
Вчера во 09.40 часот на Граничен премин „Деве Баир“, полициски службеници го лишиле од слобода 26-годишниот А.И. од Косово, затоа што при пасошка контрола и увид на документите било констатирано дека косовската возачка дозвола на негово име била фалсификувана, извести МВР. Лицето било предадено на полициски службеници од ОВР Крива Паланка и му била поднесена кривична пријава поради постоење основано …
Continue Reading
Украина започна со извоз на жито преку хрватските пристаништа
Украина започна да извезува жито преку хрватските поморски пристаништа, со цел да ги прошири своите извозни рути додека нејзините пристаништа на Црното Море се блокирани, изјави висок украински функционер. Главниот пат за извоз на жито на Украина е обично преку нејзините пристаништа на Црното Море, но Киев бара алтернативни патишта откако Москва одлучи да се откаже од договорот за извоз …
Continue Reading
21- годишник обвинет за тероризам избега од затвор во Лондон, има силни контроли на аеродромите и пристаништата
Поранешниот војник Даниел Абед Калиф избега од затвор во Лондон додека го чекаше судењето за обвиненија за тероризам и кршење на Законот за службени тајни. 21-годишниот осомничен, наводно, избегал од затворот кој е еден од најголемите во државата, во камион со храна. Се верува дека работел во кујната и носел готвачка униформа, а се верува дека се држел за ремените …
Continue Reading
Бесплатни паркиралишта утре во Скопје по повод Денот на независноста
Градски паркинг известува дека утре, 8 Септември 2023 година, по повод Денот на независноста, јавните паркиралишта Народен фронт, АМСМ, Дом на печат, ЗОИЛ, Тутунски комбинат и 8-ми Септември, ќе бидат слободни за паркирање, односно нема да се врши наплата на истите. Јавните површини наменети за паркирање (зонските паркиралишта), исто така ќе бидат слободни за паркирање, освен зона А0 (Водно), кадешто …
Continue Reading
Утре јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред
Утре, поради државниот празник 8 Септември – Ден на независноста, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, извести ЈСП. Билетарниците и центрите за персонализација нема да работат. Жичарницата ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот, при што во период од 19-19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 19.45 часот е последно возење од врвот …
Continue Reading
Загина маж од кратовско, со трактор излетал од патот
Вчера околу 07.20 часот во Полициската станица Кратово било пријавено дека во атар на село Шлегово, кратовско, трактор „имт“ без регистарски ознаки, со приколка со кумановски регистарски ознаки, управуван од 68-годишниот А.Ј. од село Шлегово излетал од патот, извести МВР. – На местото на несреќата возачот А.Ј. починал, а смрт констатирал од лекар од Здравствен дом Кратово, соопшти МВР. Увид …
Continue Reading
Торган Азар потпиша за Андерлехт
Торган Азар и официјално стана нов играч на Андерлехт по трансферот за 4 милиони евра од Борусија Дортмунд. 30-годишниот офанзивен играч за врска доаѓа по завршувањето на неговата позајмица во ПСВ, потпишувајќи договор на три сезони. „Многу сум среќен што потпишав за Андерлехт. Исто така сакав да се вратам во Белгија со моето семејство. Го следев клубот внимателно цело лето …
Continue Reading
Од владината седница: Одлука за прераспределба на средства од Буџетот, со цел зголемувања плати, пензии, социјална помош, набавка на лекови, поддршка на компании
Владата на Република Северна Македонија го разгледа и утврди Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година и ја разгледа и утврди Предлог – одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите. Со донесените владини заклучоци се предлага прераспределба на средства помеѓу …
Continue Reading