Група малолетници нападнале и снимале момче во Тетово, снимката ја прикажувале на други лица

Триесет и седумгодишната тетовка И.С. вчера во 20 часот и 15 минути во СВР Тетово пријавила дека на 4-ти овој месец нејзиниот малолетен син физички бил нападнат од неколку малолетници, кои со мобилен телефон го снимале настанот и потоа снименото го прикажувале на други лица, извести СВР Тетово. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

Continue Reading

Ковачевски – Гир: Следниот чекор кон европската цел е важен за квалитетот на живот на македонските граѓани и за стабилноста во Европа

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, имаше средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјава, Дејвид Гир. На состанокот е реафирмирана силната поддршка од европските партнери за евроинтеграцискиот напредок на Република Северна Македонија. Следниот политички чекор по европскиот пат, како што е констатирано, е директно поврзан со подобрувањето на квалитетот на живот на македонските граѓани, …

Continue Reading

Националната галерија по повод чествувањето на Денот на независноста

Националната галрија на Република Северна Македонија учествува во Програмата под наслов „Отворен град“ која е во организација на Владата на Република Северна Македонија по повод одбележувањето на државниот празник 8ми Септември – Денот на независноста, по повод 32 години од независноста под слоганот: 8ми Септември – Гласник на слободата. Покрај многубројните настани, Националната галерија како учесник од Програмата ги отвора …

Continue Reading

Приведен велешанец, со мопед се обидел да удри полицаец

Вчера во 13.50 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 27-годишниот С.Т. од Велес, извести МВР. – При преглед кај него и на мопедот кој го управувал биле пронајдени и одземени хероин и марихуана. Исто така, пред лишувањето, на улица „Богдан Каракостев“ во Велес тој не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници, …

Continue Reading

Макрон: Руско знаме нема да се вее на Олимписките игри во Париз

Руското знаме нема да се вее во ниту еден момент за време на претстојните Олимписки игри во Париз идното лето, увери францускиот претседател Емануел Макрон. Тој додаде дека учеството на спортистите од таа земја е прашање за кое може да одлучува само Меѓународниот олимписки комитет (ИОК). „Се разбира, не може да има руски знамиња за време на Олимписките игри во …

Continue Reading

(Видео) Панова: СДС и ДУИ вчера гласаа за амнестија на своите криминали, Левица не гласаше против, им помогна како и секогаш

„СДС и ДУИ вчера гласаа за амнестија на своите криминали, Левица не гласаше против, им помогна како и секогаш. СДС и ДУИ вчера гласаа за амнестија на сите криминали кои ги прават во изминатите 6 години. Со измени во Кривичниот закон се брише ставот 5 од членот 353 кој ја санкционира злоупотребата на службената положба и овластувања при вршење јавни …

Continue Reading

Тешко повреден велешанец, бил прегазен од „пежо“

Вчера околу 11.00 часот во СВР Велес било пријавено дека на улицата „Илинденска“ во Велес, патничко возило „пежо“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 67-годишниот П.К. од Велес, удрило во 60-годишниот Т.Ч. од Велес, извести МВР. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Велес. Увид извршила екипа од СВР Велес.

Continue Reading

Затвор за професорите Шуклев и Ристевски, барале пари и сексуални услуги за преодни оценки

Обвинетиот Бобек Шуклев за примање поткуп е осуден на казна затвор од 4 години и 6 месеци, обвинетиот Славе Ристевски за две кривични дела примање поткуп, доби казна затвор од четири години, Драган Денковски за три кривични дела давање поткуп, судот му изрече алтернативна мерка условна осуда и му утврди единствена казна затвор од 2 години која нема да се …

Continue Reading

Летонците ја победија Италија и ќе играат за петтото место на Мундобаскет

Кошаркарската репрезентација на Летонија ја совлада Италија со 87:82 во разигрувањето од петтото до осмото место. Сега Летонците ќе го чекаат подобриот од дуелот меѓу Литванија и Словенија, за пресметка за петтата позиција на Мундобаскет. Кошаркарите на Летонија имаа подобар ефект во ударите за три поени и тоа на крајот беше клучно за триумфот против Италија. Најдобар поединец беше Гразулис …

Continue Reading